Роберт Капа
Роберт Капа (22 октомври 1913 во Будимпешта - 25 мај 1954) бил познат светски фотограф и еден од најголемите фотографи на XX век којшто фотографирал во 5 различни војни: Шпанската граѓанска војна, Втората кинеско-јапонска војна, Втората светска војна (само во Европа и северна Африка), Арапско-израелската војна од 1948 и Првата Индокинеска војна. Тој го режирал материјалот од Втората светска војна во Лондон, северна Африка, Италија, Битката кај Нормандија на плажата Омаха и ослободувањето на Париз. Неговиот помлад брат, Корнел Капа којшто исто така бил фотограф работел на промоција и заштита на делата на легалноста на својот постар брат,а со тоа и развивајќи го својот идентитет и стил.
Животопис
уредиРоберт Капа се родил во Будимпешта, во еврејско семејство, а неговото вистинско име е Ендре Ерно Фридман. Во 1931 година се преселил во Берлин каде што студирал политички науки и започнал да се занимава со фотографирање. Во 1932 во Копенхаген, Капа направил серија фотографски портрети на Лав Троцки. Капа се преселил во Париз каде што се запознал со Анри Картје- Бресон. Капабил во Шпанската граѓанска војна каде што во близина на Мадрид бил сведок на смртта на неговата девојка, германската новинарка и фотографка Герда Таро. Но, по ова тој и самиот се уверил во изгледот на ваквата смрт.
Капа бил одличен фотограф на своето време. Тој бил човек којшто го сакал светот, го мразел насилството и теророт и мечтаел кон времето кога нема да има војна, којашто всушност била основата за неговата работа. Тој своето внимание го посветил проучувајќи ги животите на луќето коишто нив ги губеле во битките. Во 1936 година, Роберт Капа фотографирал фотографии од Шпанската граѓанска војна.Тој бил придружуван од својата девојка, германската новинарка Герда Таро. Тој во војната ушествувал со камера наместо пушка и додека сите војувале, тој од центарот на бојното поле фотографирал клчасични фотографии на кои е отсликана смртта на републикаснките војници.
Во 1938, Капа работел како фотокореспондент во Јапонско-кинеската воја. Во 1940 година се преселил во САД. За време на Втората светска војна работел во северна Африка и Италија, а во 1944 година го фотографирал истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија.
По војната, во 1947, заедно со Анри Картје- Бресон и со други фотографи ја формирал фотографската агенција Магнум на којшто и станал шеф во 1951 година, но во 1953 година бил приморан да се врати во Европа и да побегне од меккартизмот. Во 1948 и 1950 година работел во Израел за време на Арапско-израелската војна.
Роберт Капа фотографирал и за време на Првата Индокинеска војна. Тој престојувал во Виетнам каде што на 25 мај 1954 година, на самиот крај на војната згазнал на мина којашто експлодирала и му го одзела животот.
Признание за творештвото
уредиВо 1955 година во САД, Роберт Капа бил посмртно одликуван со златен медал за своето фотографско творештво за време на својот живот.
Користена литература
уреди- Whelan R. Robert Capa: a biography. New York: Knopf, 1985
- Lacouture J. Robert Capa. Paris: Centre National de la Photographie, 1988
- Kershaw A. Blood and champagne: the life and times of Robert Capa. New York: Thomas Dunne Books/St. Martin’s Press, 2003
- Bustelo G. Robert Capa: obra fotográfica. London; New York: Phaidon, 2005