Ристо Фотов
Ристо Фотов (роден во селото Балталија, Штипско, на 25 март 1952) — македонски економист.
Завршил основно училиште во Лакавица и Лесковица, Штипско. Гимназија завршил во гимназијата „Славчо Стојменски“ - Штип во 1971 година. Во 1971 се запишува на Економски факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и дипломира во 1975 година.
Во јануари 1976 се вработува во ЗОИЛ Македонија, денес QBE Македонија, Скопје. Во 1976 во зимскиот семестар се запишува на постдипломски студии на група Монетарно - кредитна теорија и политика, на која што магистрирал на 8 јануари 1982. Во 1987 пријавува тема за неговата докторска дисертација под менторство на професор д-р Тодор Тодоров. На 17.06.1991 тој докторирал.[1]
Во 1995 и 1996 тој посетувал предавања на тема: Справување и тргување со хартии од вредност и научил како да управува со финансиски средства и добива диплома за стекнатото образование во таа област.
Во период од 01.07.2003 до 01.10.2005 тој е извршен директор во осигурителната компанија Макошпед во Скопје. Од 01.10.2005 е доцент на Економскиот факултет при Европски универзитет во Скопје. Од 01.07.2007 тој е доцент[2] на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, за предметот Финансии, каде што тековно е вработен.
Во моментот тој е професор и декан[3] на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.[4]
Фотов е автор на над педесет објавени и необјавени научни трудови во различни весници и списанија.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Мрежно место на проф. д-р Ристо Фотов - „Биографија"“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-05-29.
- ↑ „Официјално мрежно место на Економски факултет - „Наставници"“. Архивирано од изворникот на 2013-06-14. Посетено на 2013-05-29.
- ↑ „Официјално мрежно место на Економски факултет - „За факултетот"“. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-05-29.
- ↑ Мрежно место на проф. д-р Ристо Фотов - „Настава“
- ↑ Објавени научни и стручни трудови, проекти и книги