Религија во Истанбул

(Пренасочено од Религија на Истанбул)

Религија во Истанбул го опфаќа прашањето на религијата во градот Истанбул, Турција.

Исламот е најголема религија во градот. Освен исламската зедница, во градот опстојуваат и Православните христијани, Ерменските христијани, мал број на Евреи и Католици. Според пописот од 2000 година, во градот има 2691 активни џамии, 123 активни цркви и 26 активни синагоги, како и 109 муслимански гробишта и 57 немуслимански гробишта. Во некоиу окрузи на градот живеат поголем број на немуслиманско население, односно тие во овие окрузи се најголемо малцинство. Како пример за ова е Кумкапи каде живеат значителен број на етнички Ерменци, областа Балат во која живеат значителен број на еврејско население, Фенер каде живеат поголем број на православни христијаниитн. Во некои региони, како на пример Кузгунчук, Ерменската црква е во непосредна близина со еврејската синагога, и од другата страна на патот пак се наоѓа Грчката православна црква и плус една џамија со неа.

Седиштето на Цариградскиот патријарх, Духовниот водач на Грчката православна црква и првиот патријарх на Православните заедници во светот, се наоѓа во населбата Фенер. Исто така, со седиште во Истанбул се наоѓа и архиепископот на турската православна заедница, Ерменскиот архиепископитн.

Султан Ахмедова Џамија

Муслиманите се најголемата религиозна група во Истанбул. Меѓу нив, сунитската форма е најзастапена, додека голем број на локални муслимани се Алевитите. Во 2007 година имало вкупно 2944 активни џамии во Истанбул.[1]

Во текот на својата историја, Истанбул бил седиште на исламскиот калифат, во периодот помеѓу 1517 и 1924 година, кога калифатот бил формално напуштен и сите негови ингиренции биле дадени на турскиот парламент. Во Турција и Истанбул е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места [2].

Внатрешноста на Црквата Свети Георги, седиште на Цариградската патријаршија

Градот е седиште на Вселенската патријаршија од 4 век, и продолжува да служи како седиште на некои православни цркви, како на пример Турската православна црква и Ерменската патријаршија. Градот порано, исто така, бил седиште на Бугарската егзархија, која била создадена на 28 февруари 1870 година.[3][4].

Секојдневниот живот на христијаните, особено на Грците и Ерменците кои живеат во Истанбул, значително се променил по по падот на империјата, чие губење на територии во полза на Грција започнало во 1820 и продолжило во следниот век. Меѓусебните конфликти помеѓу христијани и муслимани, својата кулминација ја достигнала во периодот меѓу 1912 и 1922 година, за време на Балканските војни, Првата светска војна и Турската војна за независност. Христијанското население се намалило од 450.000 на 240.000 во периодот помеѓу 1914 и 1927 година.[5] Денес, поголемиот дел од етничките Грци или Ерменци во Турција живеат во или во близина на градот Истанбул. Бројот на турските Ерменци во Истанбул денеска изнесува околу 45.000,[6](не вклучувајќи ги речиси 40.000 ерменски работници во Турција, кои дошле од Ерменија по 1991 година и главно живеат и работат во Истанбул);[7] додека грчката заедница, која изнесувала 150.000 граѓани во 1924 година,[8], во моментов изнесува околу 4.000 граѓани.[6] Постојат, исто така, 60.000 истанбулски Грци кои во моментов живеат во Грција, но сепак го имаат задржено турското државјанство.

Сефарадските Евреи живееле во градот за повеќе од 500 години. Тие побегнале од Пиринејскиот Полуостров за време на Шпанската реконквиста од 1492, кога тие биле принудени да го прифатат христијанството по падот на ел-Андалус. Тие биле прифатени од страна на османлискиот султан Бајазит II (1481-1512). Повеќе од 200.000 евреи се населиле прво во Тангер, Алжир, а подоцна во Солун и конечно во Истанбул. Султанот дал право над 93.000 Шпански Евреи да се засолнат во Отоманското Царство. Уште една голема група на Евреи пак дошле од јужна Италија која била под контрола на Шпанија. Италијанската синагога, која се наоѓа во Галата, претставува верски храм на околу 20.000 еврејски верници. Во градот има околу 23 синагоги, а најпознати се: Синагога Нев Шалом, Ашкенашката синагога и други.

Наводи

уреди
 
Црква (1875)
  1. „Vatan - Diyanet: Türkiye'de 79 bin 096 cami var“. W9.gazetevatan.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2009-06-06.
  2. The Islamic veil across Europe", British Broadcasting Corporation (17 ноември 2006). Посетено на 13 декември 2006.
  3. "Bulgarian Orthodox Church", Encyclopædia Britannica: "The struggle for an independent Bulgarian church, begun late in the 18th century, culminated in the establishment in 1870 of a Bulgarian exarchate." (англиски)
  4. L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich, "The Balkans since 1453", "Bulgarian Exarchate", p. 371: "The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as exarchate." (англиски)
  5. Globalization, Cosmopolitanism, and the Dönme in Ottoman Salonica and Turkish Istanbul. Marc Baer. University of California, Irvine.
  6. 6,0 6,1 „Foreign Ministry: 89,000 minorities live in Turkey“. Today's Zaman. 2008-12-15. Архивирано од изворникот на 2010-05-01. Посетено на 2008-12-15.
  7. „Armenians in Turkey“. The Economist. 2006-11-16. Посетено на 2009-05-28.
  8. Gilson, George. “Destroying a minority: Turkey’s attack on the Greeks Архивирано на 17 јуни 2008 г.”, book review of (Vryonis 2005), Athens News, 24 June 2005.