Рамна (Валовишко)

село во Валовишко, Егејска Македонија

Рамна (грчки: Ομαλό, Омало; до 1928 г. Ράμνα, Рамна[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 161 жител (2011).

Рамна
Ομαλό
Рамна is located in Грција
Рамна
Рамна
Местоположба во областа
Рамна во рамките на Синтика (општина)
Рамна
Местоположба на Рамна во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°16′N 23°12′E / 41.267° СГШ; 23.200° ИГД / 41.267; 23.200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаПетрич
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно161
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во подножјето на планината Беласица, северно од Бутковското Езеро, на 8 км источно од селото Ветрен, на надморска височина од 80 м. Тоа е потполно споено со соседното Турчели.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Во XIX век Рамна било влашко село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Рамна (Ramma) имало 106 домаќинства и 350 жители Власи.[4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Равна, источно од Порој и северозападно од Валовишта, на Беласица. Жителите се само Власи, од кои најмногу се занимаваат со сточарство. Грчка црква; 60 влашки куќи.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Рамна имало 550 жители Власи.[6]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 469 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 127 лица, а во 1928 г. само со 44.[3] Истата година, името на селото било променето во Омало (Ομαλό).[2]

По Граѓанската војна (1946 - 1949) селото е поместено во близина на патот Кукуш-Валовишта, на надморска од 80 метри.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 288 277 312 153 186 191 147 161
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина. Општината Рамна била приклучена во општината Хаџи Бејлик во 1926 година.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Петрич со седиште во селото Ветрен, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хаџи Бејлик, во кој влегува и истоименото село.

Личности

уреди
Родени во Рамна
Починати во Рамна

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 206.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 859.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.