Разлог (област)

област и котлина во Пиринска Македонија
(Пренасочено од Разлошко)

Разлог (или Разлошко) — историско-географска област во Пиринска Македонија сместена во Разлошката Котлина.

Поглед кон градот Разлог и котлината.

По областа е наречен и денешниот град Разлог, кој до 1925 г. изворно се нарекувал Мехомија.[1]

Географски особености

уреди

Котлината се протега во горното поречие на реката Места меѓу планините Рила на север, Пирин на југозапад и југ и Родопите на исток. Во правец ЗСЗ-ИЈИ долга е 21 км, со просечна ширина од 12 км. Котлинското дно се наоѓа на средна надморска височина од 940 м. Во североисточниот дел меѓу Рила и Родопите се наоѓа Беличкото Поле, кое претставува дел од неа.

Западниот дел на котлината е рамен, исполнет со терцијарни наслаги, покриени со ледничконаносен материјал, а источниот дел е ридест. Кај градот Добриништа и селата Бања и Елешница извираат топли минерални извори, а има и наоѓалишта на нискокалорични лигнитни јаглени. Климата е типично планинска со средоземно влијание. Котлината се одводнува во реката Места, која минува низ нејзиниот ридест источен дел и нејзините притоки: десни — Беличка Река, Исток (со притоките Бела Река и Глазне) и Добринишка Река; леви — Златарица. Почвата е кафеава планинска (во периферните делови) и алувијална и делувијална (во котлинското дно и по теченијата на реките). Климатските и почвените услови се погодни за одгледување на раноградинарски култури.

Населени места

уреди

Во Разлошката Котлина и по нејзината периферија со околните планини има 4 града — Банско, Белица, Добриништа (Добриниште) и Мехомија (Разлог), како и 8 села — Бања, Бачево, Годлево, Хахњово (Горно Краиште), Горно Драглишта, Долно Драглишта, Елешница и Краиште.

Сообраќај

уреди

Низ котлината минуваат делови од два државни пата:

Низ котлината поминува и крајниот потег од трасата на теснолиниската железница Септември – Добриништа.

Поврзано

уреди

Топографска карта

уреди

Наводи

уреди
  1. Указ № 86/обн. 26.03.1925 г.

Извори

уреди

41°52′N 23°30′E / 41.86° СГШ; 23.50° ИГД / 41.86; 23.50