Дисилица (река)

река во Пиринска Македонија
(Пренасочено од Добринишка Река)

Дисилица или Добринишка Река (бугарски: Дисилица, Добринищка река) — река во Разлошко (Општина Банско), Пиринска Македонија, десна притока на Места. Минува низ гратчето Добриништа (Добриниште) и има должина од 21 км.[1]

Дисилица
Добринишка Река
Местоположба
МестоРазлошко (Оп. Банско), Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоДисиличко Езеро, Пирин
 • координати41°44′03″N 23°30′26″E / 41.7342° СГШ; 23.5072° ИГД / 41.7342; 23.5072
 • надм. вис.2.690 м
Устие 
 • место
р. Места, 6,7 км И од с. Добриништа, Општина Банско
 • координати
41°49′50″N 23°37′19″E / 41.8305° СГШ; 23.6220° ИГД / 41.8305; 23.6220
 • надм. вис.
705 м
Должина21 км
Големина на сливот57 км2
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Реката извира од Дисиличкото Езеро на надморска височина од 2.367 м, сместено во Полежанскиот Цирк на планината Пирин. По 10 км ја прима главната притока Плешка Река (на 1.148 м.н.в.), која пак настанува од Плешкото езеро (на 2.308 м.н.в.) во Плешкиот Цирк.[1]

Двете реки течат во правец север-североисток, во длабоки и пошумени долини. По нивното соединување, долината го запазува својот изглед сè до гратчето Добриништа. Реката поминува низ источниот дел на градот, свртува на исток и повторно, во должина од 5 км, тече во длабока долина. Завршува како десна притока на Места, веднаш до мостот кој води кон с. Елешница.[2]

Сливот на реката зафаќа 57 км2, што претставува 1,65 % од вкупниот слив на Места.[2]

Во североисточниот крај на Добриништа реката Дисилица ја прима и левата притока Буковец.[2]

Единственото населено место по течението на реката е гратчето Добриништа. Во средното течение, крај реката е сместен планинарскиот дом „Гоце Делчев“.[2]

Мал дел од водите на Дисилица во долното течение се користат за наводнување.[2]

По долината во најдолното течение минува потег (4,4 км) на патот од Добриништа до излезот за с. Елешница, кој е дел од државниот пат II-19: Симитли – Неврокоп (Г. Делчев) – ГП „Либјахово[2] за Драмско, Егејска Македонија.

Главни притоки: → лева, ← десна:

  • → Плешка Река
  • → Плешиво Езеро[1]
  • → Буковец[2]

Карта

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Енциклопедия „Пирински край“, том 1. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 273. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев (1980). Географски речник на България. София. стр. 171.