Разговор со корисник:Bjankuloski06/Архива 5
Избрана статија
уредиМора навреме да се менува избраната статија.
Јас, како што веќе реков, рубриката Дали сте знаеле ја земав под своја одговорност и сега, секој четврток (без некоја особена причина четврток, туку само затоа што прв пат почнав да ја уредувам рубриката во четврток, а сакам да си го оддржам редот) има пет нови информации на главната страница и промена на сликата во самата рубрика.
Сепак, главната страница не е она што треба да биде, зашто една статија таму останува избрана многу долго време. Се обидов да ја сменам статијата, но, иако статијата Одри Хепберн веќе ја поставив како моментално избрана статија и иако веќе го доби шаблонот што треба да го има, не успеав да ја ставам на главна страница, затоа што шаблонот е очигледно заштитен. Затоа, сакам да реагирам - ти или некој друг администратор да ја сфати сериозно задачата секој понеделник да ја менува избраната статија.
И уште нешто: имаш ли некаква идеја што друго да се стави на главна место актуелностите зашто тие и онака се веќе застарени, а постојано остануваат непроменети?
--Виктор Јованоски 13:21, 3 мај 2007 (UTC)
Статија Историја на македонската цивилизација
уредиИсторија на македонската цивилизација ???!!!!???--brest 16:01, 10 мај 2007 (UTC)
François Couperin
уредиHello, I saw that Les Barricades Mystérieuses are uploaded on the mk:Wikipedia. Could you upload it on Commons ? Thank you, best regards Gérard (fr:Wiki) 22 mai 2007 à 20:53 (CEST)
Тесарус
уредиНа главната страница, кај останати проекти, врската кон Викиречникот е објаснета како врска кон речник и тесарус. Но зборот тесарус, парадоксално, мислам дека не постои во речникот на македонски зборови. Всушност, ако напишеш на интернет тесарус ќе те поврзе со само шест врски и сите со линкови кон македонската википедија. Од друга страна тезаурус дава врска кон 287 000 страници. Сепак, мислам дека ни ова не е соодветниот збор. Ако ме прашаш мене, би требало тесарус да стане лексикон. Во секој случај, ако можеш, промени го тесарус и тоа со кој збор мислиш дека е подобро. Поздрав, --Виктор Јованоски 10:05, 24 мај 2007 (UTC).
- Има разлика помеѓу речник, тезаурус, глосар, вокабулар, лексикон. Лексикон е многу близу до речник, така да мислам дека ако се брише тезаурус тогаш подобро да не се заменува со лексикон. Треба да се погледне дефиницијата на овие поими (пример во англиската википедија). За жал во нашава википедија нема статии за овие зборови, кои се од суштинско значење за темава за која расправаме. Со оглед на тоа што нашиот речник е најповеќе листа на зборови со кратки објаснување, мислам дека во моментов му одговара само насловот речник. Можеби во иднина кога ќе се надополни со содржини во смисла на терминот тезаурус тогаш во неговиот наслов ќе го додадеме и овој термин. Значи јас велам дека треба да стои само речник а не речник и лексикон.--brest 10:54, 24 мај 2007 (UTC)
Информации
уредиЗначи, две прашања:
1. За што служат следниве команди кои никогаш ги немам употребено: {{МФА|}} · {{Катпов}} · <!----> ?
2. Ако вметнам на крајот од некоја статија врска кон непостоечка категорија, дали ќе се создаде таа категорија со тек на време или треба сам да ја создадам? --Виктор Јованоски 12:33, 27 мај 2007 (UTC)
- Благодарам на информација. --Виктор Јованоски 12:55, 27 мај 2007 (UTC)
Повторно јас
уредиОколу шаблонот:Дали сте знаеле: сакав да ја ставам следнава слика - StBasile_SpasskayaTower_Red_Square_Moscow.hires.jpg, зашто првата информација се однесува на Москва, но, без разлика колку и да ја смалам, во нејзино присуство, целиот шаблон се деформира. Си мислев дека е поради сликата, но не: пробав да го ставам Силвио Берлускони, и тоа точно оваа слика - SilvioB.jpg, но и со нејзе се повторува истата приказна. На крајот ја ставив Бети Дејвис и сега се е во ред.
Немам апсолутна никаква идеја што може да биде проблемот, а навистина ме интересира. Па, ако можеш, пробај да ставиш една од двете слики што ти ги напишав, види како изгледа шаблонот и кажи ми кој е конечниот резултат. Патем, ако успееш да ја ставиш првата, остави ја нека стои во шаблонот. --Виктор Јованоски 17:18, 31 мај 2007 (UTC)
Сегашно време
уредиНе съм сигурен, обаче мисля, че имаш грешка в статията си за сегашно време, ако глаголът "отвори", завършва на "и" (както и "говори"), не би ли трябвало да се спряга така: отворам, отвориш, отвори, отвориме, отворите, отворат? А ти си го писал: отворам, отвораш, отвора и т. н. И ако се спряга по моя начин, който е същият като на глагола "говори", какъв е смисълът от два еднакви примера? Arath 11:46, 9 јуни 2007 (UTC)
Здраво!
уредиЕве и од мене едно топло добредојде! Претпоставувам дека си нов корисник на македонската Википедија. За прв пат те приметив на гласањето за Администратор. Благодарам што гласаше за мене. Тоа многу го ценам :-) Би сакал да те запрашам кои се твоите главни тематики и на која тема главно пишуваш. Со разбирање српски немам проблем, заради тоа што го зборувам како мајчин јазик, со тоа што сметам дека овде не би било соодветно да почнам да се допишувам на тој јазик, но член сум на српската Википедија и таму имам разни придонеси и разговарам со корисниците исклучиво на српски. Поздрав.--Б. Јанкулоски 08:10, 5 Април 2006 (UTC)
- Овој разговор беше креиран како статија, статијата ќе ја избришам.--brest 14:24, 12 јуни 2007 (UTC)
Предог за измена на Главната страница
уредиТе повикувам да го дадеш твоето мислење во поглед предлогот за измена на Главната страница--brest 09:34, 16 јуни 2007 (UTC)
Good Evening Bjankuloski06!
Could you please write a stub http://mk.wikipedia.org/wiki/Auckland_Grammar_School - just a few sentences based on http://en.wikipedia.org/wiki/Auckland_Grammar_School? Only 2-5 sentences enough. Please. --Per Angusta 10:19, 17 јуни 2007 (UTC)
Озимандиас
уредиНавистина ми причинува задоволство што ти се допаѓа мојот препев на Озимандиас и искрено се надевам дека нашите примери ќе мотивираат и други корисници да ја продолжат преведувачката дејност - на или надвор од Википедија. Зашто, нашата земја има малку квалитетни препејувачи, уште помалку квалитетни препеви и сосема малку квалитетно препеани поетски дела или збирки. Кога во прашање е англиската литература, дури и зборот малку ми изгледа како комплимент. Но, да не бидам многу суров - она што сакам да ти го кажам е тоа што песни од типот на Озимандиас и Поемата на древниот морнар, дела кои се наоѓаат во самиот врв на светската Поезија и чијашто вредност надминува веќе два века критички осврти и разгледи, на македонскиот читател не му се достапни на неговиот сопствен јазик. Трагично! Но, да цитирам еден од најголемите Поети на Новата Епоха - Боб Дилан - The Times They Are A-Changin'...
Во врска со Озимандиас - ми требаа, сѐ на сѐ, два-три часа. Не се сеќавам сосема точно, зашто ја препејував пред една-две години. Но препевот никогаш не ми претставува проблем. Напротив, тоа го сметам за едно од врвните задоволства во мојот живот.
Уште еднаш благодарам на честитките, --Виктор Јованоски 18:26, 18 јуни 2007 (UTC)
Боја во шаблоните на порталите
уредиСредувајќи го Портал:Македонија некако ги ископирав шаблоните од англиската вики, а бојата ја променив во црвена со жолти букви. Но по сѐ изгледа дека нешто таму не одговара, бидејќи сега истата боја на ленти и букви се наметнува кај секој портал, без можност да се прилагодува бојата и изгледот. Ова мора да се реши, но барам некој кој знае тоа да го направи. Јас лично пробав, но не успеав ништо. Апелирам ова да се стори што побргу, секој портал мора да има свој сопствен изглед. --Б. Јанкулоскиразговор 05:58, 21 јуни 2007 (UTC)
- Мислам дека открив во што е проблемот. Имено во http://meta.wikimedia.org/wiki/Help:Template, објаснето е како се повикуваат шаблоните. При што нешто од типот {{/box-header}}, би требало да значи релативно именување на трансклудирани страници, т.е. ако во порталот, Република Македонија, имаме кодирано {{/box-header}}, тоа се парсира како Портал:Република Македонија/box-header. Грешката е во тоа што ти на времето имаш креирано шаблон кој се вика /box-header, како прво а како второ најверојатно (по моја претпоставка) некаде во mediawiki софтверот исклучено е трансклудирањето, бидејќи правев некои експерименти ама безуспешни. Значи решението би било. Прво да се активира трансклудирањето, второ секаде каде што се користи шаблонот box-header да се креираат соодветни трансклудирачки страници и трето да се избрише шаблонот да не прави проблеми во иднина.--brest 18:55, 16 јули 2007 (UTC)
- Архива на разговор со корисник Б. Јанкулоски од 28 јули 2007 до 4 септември 2008.
Бришење
уредиЗдраво. Ќе можеш да ги избриши статиите Inuyasha и Од Галичник до Река? (Zdravko 11:42, 28 јули 2007 (UTC))
Еве уште статии за бришење: H, Шпаниел, Russian language, Сердарот – Глигор Прличев (види разговор), Категорија:Индоевропско јазично семејство (види разговор) (Zdravko 09:27, 9 август 2007 (UTC))
Фелкишер беобахтер
уредиБлагодарам за соодветната транскрипција на Völkischer Beobachter и би сакал да те замолам секогаш кога нема да преведам некое име или назив соодветно, да ме исправиш (бидејќи не знам баш многу германски). Поречанец 14:28, 4 август 2007 (UTC)
Превод
уредиБи те замолил да ја видиш статијата за Џорџ Орвел. Ги преведував насловите на неговите дела, ама два збора ми правеа доста проблеми. Прво, дали pier е док (Wigan Pier) и второ, дали има македонско име за растението Aspidistra? (Zdravko 15:54, 13 август 2007 (UTC))
Археомак 2.0
уредиКако што имаш забележано стартуван е проект Археомак 2.0. Бидејќи веќе имаш работено на одредени статии од областа која има тенденција да ја покрие овој проект, би предложил да земеш активно учество во овој проект, како би можеле истиот поуспешно да го завршиме. Твоите сугестии и работа ќе бидат добредојдени.--brest 09:27, 16 август 2007 (UTC)
Го поздравувам твоето учество во проектот.--brest 13:16, 17 август 2007 (UTC)
Тракия
уредиБояне здравей! Написах едно мъниче за Тракия. Би ли погледнал статията. Направи необходимите поправки. Не съм сигурен как точно се транслиртелират тракийските градове от Гърция и Турция на македонски. Също така намери подходяща категория за статията, тъй като аз не успях. Благодаря ти предварително! --Пакко
- Бояне благодарско! Статията още е мъниче, но е добре като за начало. Мисля да направя подобна и за Мизия. --Пакко
Hans Ulrich Klintzsche
уредиЕј, Јанкула, да те прашам и за Hans Ulrich Klintzsche дали е Ханс Улрих Клинче? Ако не е, како е (ако е, алал да ми е, нели? :D хаха)? Поречанец 00:24, 21 август 2007 (UTC)
Мојата борба
уредиЗошто го стави „Мојата борба“ со накосени? Книгите се ставаат во наводници (ако се на кирилица, нема потреба од накосени букви). Те молам пиши кај мене, зашто ги вратив статиите на претходната верзија (со наводници), да не има некое недоразбирање. Поречанец 15:52, 23 август 2007 (UTC)
- Патем, погледни нешто со тој шаблонот {{flag|некоја држава}}, не чини нешто. Пр. на страната Љубе Бошкоски во инфокутијата има и СФРЈ и Македонија. Поречанец 16:19, 23 август 2007 (UTC)
За Калкулусот и Математичката анализа...
уредиИако насловов звучи како бајка, ова е на јаве :))))). Мала шала... Налетав на некој твој стар разговор со Razvigor околу калкулусот и се изнервирав ;) па решив еднаш за секогаш да расчистам со калкулусот и анализата. Страницата Калкулус ја направив филозофско објаснување на тема зашто не калкулус, а зашто да анализа, па мислам дека треба да те известам за ова, зашто мислам дека ти си најзаинтересираниот Википедијанец за разликата меѓу Калкулусот и Математичката Анализа :)))))). Поздрав... --Филип што бе? 12:51, 26 Август, 2007. ЛГ