Разговор со корисник:Bjankuloski06/Архива 4
Солунски села
уредиЌе ги направам со македонски имиња во најскоро време. Фала што се обрати до мене! - Македонец 22:17, 6 јануари 2007 (UTC)
Еве од денес ќе почнам, а инаку да ти искажам едно големо благодарам за тоа што му го напиша на Бугаринот! Така е брате! Нема повеќе ниту еден Македонец да отстапи! Доста отстапувавме! Поздрав - Македонец 12:03, 7 јануари 2007 (UTC)
Што е најдобро?
уредиДали да пишувам кратки статии за да има поголем број т.е., 8700 па евентуално 9000, или да се сконцентрисам за подолг поопширен вид на статија во кој случај горе споменатиот број нема брзо да расти. Совет молам.--Johan1298 06:43, 16 јануари 2007 (UTC)
Бояне здрасти! Абе адаптирах статията за Троянови врата в македонската уикипедия. Моля ти се би ли й хвърлил едно око. Съмнявам се, че в македонския се казва проход ;), а може да има и други некоректни думи. Може да се наложи и допълнитена македонизация :))))))). Айде и предварително ти благодаря. Поздрави! --Пакко
Здраво Бојан, Би сакал да го слушнам твоето мислење на разговорот за главната страница за овие двајца уредници. Boyan 12:59, 3 февруари 2007 (UTC)
Чување на корисничка страна
уредиЗдраво, ќе може ли да го чуваш страната: Корисник:Puntori и страната Разговор со корисник:Puntori. Ти благодарам. (Puntori 14:36, 13 февруари 2007 (UTC))
Прашање
уредиКаде е најдобро да се запознаам со правилата за поставување на слики, тоа ми претставува најголем проблем при поставувањето на нови статии. Ако можеш да ме насочиш, или некој друг кој би ме насочил. --ДАБ 02:49, 18 февруари 2007 (UTC)
ГОЛЕМО, ОГРОМНО ИЗВИНУВАЊЕ
уредиОвде Виктор Јованоски, еден од поновите уредувачи на Википедија.
Сакам да ти се извинам за една ненамерно направена грешка:
Сакајќи да ја уредам сопствената корисничка страница и неможејќи да најдам шаблон за да ги уредам јазиците кои ги познавам и во обид да ископирам дел од податоците од твојата корисничка страна, по грешка ја избришав целата. Отидов во историја и успеав да ја вратам, но мислам дека фалат неколку реда.
Затоа, со должна почит кон твојата работа на Википедија која сакам и морам да ја истакнам како една од причините што и јас почнав да пишувам, понизно те замолувам да ми простиш за грешката.
--Виктор Јованоски 14:29, 25 февруари 2007 (UTC)
ПРАШАЊЕ
уредиПрочитав за можностите на администраторите и добро што имате опција за враќање или ако добро се сеќавам roll back, зашто без разлика на тоа дали за тебе има или нема емоционална или било каква друга вредност твојата корисничка страница, мене немаше да ми биде сеедно ако ти повторно требаше да ги внесуваш податоците.
Како и да е, тука сум за да прашам нешто што не го забележував досега а што сепак морам да го прашам зашто особено мразам пропусти (какви и да се). Значи, кога правам нова статија и кога ги правам врските кон другите јазици, треба ли да внесам врска од статиите на другите јазици кон македонската Википедија или тоа се прави автоматски со тек на време. Зашто правев неколку статии за луминисценција и забележав дека сѐ уште не се појавил линк кон македонската статија од, да речеме, англиската, полската или италијанската. Направив линк од англиската, но дали треба да го правам тоа и за секоја друга? --Виктор Јованоски 11:48, 2 март 2007 (UTC)
Лиценца
уредиОваа слика ја преземав од хрватската википедија и поради тоа претпоставувам дека истата не е лиценцирана или е искористена според праведна употреба. Сепак, кога ја подигав датотеката (зашто на Wikipedia Commons ја нема) не знаев точно која лиценца да ја изберам, па избрав не знам. Па, ако можеш да ми објасниш што треба да изберам како лиценца во случај ако сликата ја има на некоја друга википедија за да знам и за овој и за наредните пати. Всушност, да ми кажеш и дали воопшто смеам да користам вакви слики што ги има само на википедија на одреден јазик, но не и на Wikipedia Commons.
И патем, да не заборавам, може ли да ми објасниш (ако не е долго) како се изработува шаблон (или барем да ме упатиш на некоја специјална страна што го објаснува ова). Се обидував да најдам шаблон - инфокутија за актер/ка, но немаше никаде и го искористив шаблонот за биографија при правење на статијата за Одри Хепберн. Сепак, мислам дека многу подобро би изгледал оригиналниот шаблон.
Однапред благодарам.--Виктор Јованоски 10:02, 11 март 2007 (UTC)
Шаблон
уредиНајпрво благодарам за инструкциите околу лиценцата. Ја сменив кај сликата и мислам дека сега би требало да биде добро.
Но, уште нешто за шаблонот. Јас пробав да ја копирам од англиската википедија инфокутијата и да ја средам на македонски, но на страницата ми се појавува ваква врска шаблон:Infobox actor. Треба да го средам шаблонот на посебна страница или треба да променам нешто откако ќе го копирам англискиот шаблон во статијата што ја изработувам?--Виктор Јованоски 11:19, 11 март 2007 (UTC)
- Благодарам за инструкциите, но шаблонов ми изгледа прилично сложен и сега за сега не можам да се снајдам; затоа ќе го оставам шаблонот со биографија, а некој од наредниве денови - откако ќе го завршам текстуалниот дел од статијава - повторно ќе те прашам за понатамошни инструкции. Извини што те вознемирувам вака постојано, но доста работи треба да научам. --Виктор Јованоски 12:34, 11 март 2007 (UTC)
Копче во алатникот
уреди{{Катпов}} немаше параметри, така? Го додадов во алатникот, мислам дека се е во ред. --Милош 12:43, 11 март 2007 (UTC)
- Бояне, айде моля те като имаш време погледни статията и направи необходимите граматически поправки. Благодаря ти предварително! --Пакко
Wikisource - The Free Library
уредиHi, and thanks for your attention to the mk: translation on the "Wikisource" page.
A question: Is what you put there a translation of "The Free Library" or something else? What appears on the Wikipedia Main Page need not be the same as "The Free Library" (though it too could be changed to that).
Thanks again for helping to make the "Wikisource" page complete.
- Thanks again. Nearly all the descriptions in other langauges I saw were direct translations of "The Free Library". We could have easily followed suit, but instead, we chose Библиотека на слободни дела ("A Library of free works") to express the exact nature of the project. All best. --Б. Јанкулоскиразговор 21:27, 26 март 2007 (UTC)
Дали сте знаеле...
уредиПрво да напоменам дека, според мене, оваа рубрика ни е малку запоставена. Затоа, сакам да ти поставам неколку прашања за и околу неа:
1) Дали има Wikipedia испланирано колку време треба да стојат новите информации на главната страница? Дали е како и статијата на седмицата - по една недела, или стојат по еден месец или можеби и подолго? Зашто како што можев да забележам, до пред некој ден, веќе неколку месеци, постојано стоеја истите информации.
2) Дали информациите коишто се ставаат во рубриката мора прво и да се понудат на страницата за разговор?
3) Дали информациите мора да бидат извадени од некоја од поновите статии на Wikipedia (како што е на англиската) или може да се понудат било какви (вистинити) информации кои се, пред сѐ, интересни? Односно, дали смее Wikipedia да искористи вакви информации од, да речеме, www.didyouknow.cd?
4) Дали смее некој обичен член или посетник на Wikipedia да ги менува податоците сам, без пред тоа да ги предложи истите?
5) Ако смее, дали тој некој може да бидам јас?
--Виктор Јованоски 13:24, 2 април 2007 (UTC)
Веќе од поодамна корисникот Елемаг пропагира и изменува одредени содржини на македонската верзија на Википедија со што брише одредени нешта и го презентира бугарското пропагандистичко гледиште. Иако веќе избришано поради пропагандни причини, тој повторно ја креира страната Бугарски владетели ширејќи бугаристичка пропаганда и непочитувајќи ги ставовите на администраторите и македонското гледиште воопшто. Но, она што е најмногу ме засега е тоа што се дрзнал и извршил класично вандализирање врз мојата лична страница, нешто што мислам дека не е дозволено. И за да го зацврсти своето пропагандистичко дејствување во својата лична страница си вметнал текст потпишувајќи го од мое име. Ве молам да спроведете мерки против него. Поздрав! --Amacos 16:27, 3 април 2007 (UTC)
Транскрипција
уредиМислам дека имам прочитано во разговорот на некоја статија, но не се сеќавам многу јасно: дали треба, при преведување на некоја статија за музичка група, да речеме Pink Floyd или Traveling Wilburys, да се преведе името или треба да се остави онака како што е и во оригинал, дури и без да се употреби македонска поддршка? Речиси да сум сигурен дека не треба да се сменува ништо, но само сакам да се уверам.
И кога сме веќе тука: ако преведувам статија за некоја серија, дали треба да го преведам нејзиното име? Зашто, да речеме, многу е пологично да стои Пријатели отколку Friends, но исто така многу подобро изгледа Seinfeld отколку Зајнфелд.
Поздрав, --Виктор Јованоски 17:15, 3 април 2007 (UTC)
Во врска со Гранд Слам
уредиМожеби е подобро ова да го напишам на страницата за разговор кај статијата за Марија Шарапова, но лично, многу ретко ја читам страницата за разговор, па поаѓајќи од лично искуство, мислам дека е многу попаметно тука да те прашам.
Бидејќи видов дека си го поправил Гренд Слем во Гранд Слем, само да се информирам дали да го променам Гренд Слем секаде во статијата и да го направам Гранд Слем, зашто на доста места (вклучувајќи го и шаблонот, со кој патем се снајдов - благодарам на интрукциите) го имам спомнато, или пак да ја вратам твојата измена, зашто, според мое мислење треба англиското Grand Slam да стане Гренд Слем.
--Виктор Јованоски 17:54, 9 април 2007 (UTC)
Дали сте знаеле
уредиПовторно на оваа тема: го предложив на Википедија Порталот, почекав неколку недели и сѐ уште нема никаков одговор. Твој предлог: што да се прави? Да се обидам сам да ги менувам податоците по принцип секоја недела - пет нови информации и нова слика (секако земени од некоја стаија од Wikipedia), па да видиме како ќе функционира или имаш некоја друга идеја? --Виктор Јованоски 21:29, 16 април 2007 (UTC)