Радикализам
Терминот радикализам означува политички начела кои се фокусираат на менување на социјалните структури преку револуција и менување на вредносните системи на основни начини. Зборот е изведен од латинскиот збор radix (корен). Иако значењето претрпело промени од 18 век кога станал кованица, сепак ја задржува конотацијата "промена во коренот" што е од фундаментално значење за револуционерните социјални промени. Радикализмот исклучиво ја вклучува крајната левица. Спротивни на радикалните, тие од десницата се нарекуваат реакционери. Историски, за радикали биле сметани: комунистите, социјалистите, анархистите, анти-империјалистите, феминистките[1] и други групи кои сметале дека општеството е неправедно и треба радикално да се промени.
Радикализмот одигра клучна улога во раѓањето и развојот на парламентаризмот и изградбата на модерната српска држава што довела до југословенското обединување. Народната Радикална Партија, формирана во 1881 година беше најсилната политичка партија и беше на власт во Кралството Србија повеќе од сите други заедно. Уставот на Кралството Србија од 1888, кој ја дефинирала како независна држава и ја формализирала парламентарната демократија која беше меѓу најнапредните во целиот свет, поради радикалниот придонес е познат како Радикалниот Устав.
Наводи
уреди- ↑ Mike Sanders (ed.) (2001) "Women and Radicalism in the Nineteenth Century", ISBN 0-415-20526-3, "General Introduction"
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |