Пјер Реверди (француски: Pierre Reverdy, роден на 13 септември 1889 во Нарбон - починал на 17 јуни 1960 во Солем) — француски поет и писател, приврзеник на движењето надреализам, дадаизам и кубизам.

Пјер Реверди
Роден/а13 септември 1889
Нарбон, Франција
Починат/а17 јуни 1960
Солем, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Книжевно движењеНадреализам, Кубизам

Биографија

уреди

Рани години

уреди

Пјер Реверди е роден на 13 септември 1889 во Нарбон, Франција. Неговиот татко се занимавал со лозарство[1] , додека неговите предци биле каменоделци и вајари чии дела биле специјално подготвувани за цркви. Податоците за детството на Пјер Реверди и неговите рани години се малку и се нејасни. Познат е фактот дека татко му го научил да чита и пишува. Некои извори тврдат дека за време на раѓањето на Реверди, мајка му била омажена жена, чиј сопруг живеел во Аргентина. Покрај тоа, пак, се верува дека мајка му и татко му не можеле да се венчаат до 1897 година.[2].

Париз

уреди
 
Feuille ouverte

Реверди пристигнал во Париз во октомври 1910 година, каде се посветил на пишувањето. Таму во уметничката енклава околу Bateau-Lavoir, се запознал со Гијом Аполинер, Макс Жакоб, Пабло Пикасо, Жорж Брак, Амедео Модиљани, Андре Бретон. Сите тие доаѓале за да се восхитуваат на поезијата на Реверди[1]. Во 1915 тој објавил мала збирка на поезија. Втората компилација која излегла во 1924 година, насловена како „Les épaves du ciel“, му донела огромен успех. Стиховите во делото се кратки, фрагментарни, зборовите пресоздаваат остри визуализации, обемот им е литературен еквивалент на пластична уметност, практикувано од сликари и вајари кубисти[3]. Во првиот надреалистички манифест, Бретон го нарекол на Реверди „најголемиот поет на времето[4]. Луј Арагон, пак, вели за него дека е нивниот „непосреден старешина, поет за пример“. Во 1917 година, заедно со Гијом Аполиндер и Макс Жакоб го основале списанието „Nord-Zud“ што вклучувало многу дадаистки и надреалистички коментари. Шеснаесет изданија биле објавени од 15 март 1917 до 15 октомври 1918 година. Се смета дека идејата за името на периодичното издание била инспирирана од отворањето на нова линија на париското метро од Монмартр до Монпарнас. Тоа било и намерата на Пјер Реверди да ја обедини виталноста на овие две соседства[5].

По природа Пјер Реверди бил мрачен човек, поради тоа и се држел настрана од френетичкиот свет на боемскиот Париз. Во 1926 година, за време на ритуален чин, кој означувал откажување од материјалниот свет, тој изгорел многу од своите ракописи пред очите на своите пријатели. Го прифатил католицизмот и се преселил заедно со неговата сопруга, Хенриета, во мала куќа во близина на бенедиктинската опатија во Солем. Тоа место се претворило во негов дом во наредните 30 години[6].

Повлекување во изолација

уреди

Додека живеел во Солем, напишал неколку збирки поезија, вклучувајќи ги „Sources du vent“, „Ferraille“ и „Le Chant des morts“. Покрај тоа објавил и две дела со критички карактер насловени како „En vrac“ и „Le livre de mon bord“. За време на Втората светска војна, кога Франција била окупирана од Германија, Реверди станал партизан. По ослободувањето на Париз од нацистите, борците од Францускиот отпор ја презеле одговорноста за фаќање и апсење на францускиот предавник и германски шпион Барон Луј де Вауфреланд[6].

Личен живот

уреди

Една од најпознатите долготрајни врски на Пјер Реверди била со дизајнерката Коко Шанел. Нивната романса траела од 1921 до 1926 година. Откаковрската им прекинала, тие продолжиле да одржуваат пријателски односи речиси 40 години[7]. Пјер Реверди во тоа време многу го засакал американскиот џез, кој во тоа време собирал голема популарност меѓу париските жители, но ваквиот ноќен живот Коко не го поднесувала[8]. Дизајнерката сепак му претставувала неопходна компонента во неговата поетска продукција. Таа го охрабрувала, му помагала околу неговите креативни можности и дури успеала да му ја стабилизира неговата финансиска нестабилност, на тој начин што тајно ги купувала неговите дела преку неговиот издавач[1].

Се смета дека легендарните максими припишувани на Шанел и објавени во списанија, биле создадени под менторство на Пјер Реверди, како заедничка работа. Доколку се прегледат нејзините објави и се споредат истите со нејзиниот стил на пишување, ќе се открие целосна противречност[9].

Пјер Реверди, се претпоставува дека не бил свесен за соработката на Шанел со нацистите за време на војната. Додека тој бил убеден во беспомошноста на жените, како ранлив пол, наскоро утврдил дека Шанел била манипулирана од мажи кои ја убедиле да стане шпион на Германците. Уште повеќе, како предан католик, Пјер Реверди успеал да ја ослободи Коко од сопствените прекршоци. Нивната врска била толку голема и силна што во 1960 година, кога почувствувал дека многу бргу ќе почине, Пјер напишал поема за жената која ја сакал цели 40 години.[10].

Пјер Реверди починал на 17 јуни 1960 година.

Дела

уреди
  • Poèmes en prose (1915)
  • La lucarne ovale (1916)
  • Quelques poèmes (1916)
  • Le voleur de Talan (1917)
  • Les ardoises du toit (1918)
  • Les jockeys camouflés et période hors-texte (1918)
  • La guitare endormie (1919)
  • Self defence (1919)
  • Étoiles peintes (1921)
  • Coeur de chêne (1921)
  • Cravates de chanvre (1922)
  • Les épaves du ciel (1924)
  • Écumes de la mer (1925)
  • Grande nature (1925)
  • La peau de l'homme (1926),
  • Le gant de crin (1927)
  • La balle au bond (1928)
  • Sources du vent (1929)
  • Flaques de verre (1929)
  • Pierres blanches (1930)
  • Risques et périls (1930)
  • Ferraille (1937)
  • Plein verre (1940)
  • Visages (1946)
  • Le chant des morts (1948)
  • Le livre de mon bord (1948)
  • Une aventure méthodique (1950)
  • Cercle doré (1953)
  • Au soleil du plafond (1955)
  • En vrac (1956)
  • La liberté des mers (1959)
  • À René Char (1962)
  • Sable mouvant (1966)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Vaughan, Hal, "Sleeping With The Enemy, Coco Chanel's Secret War, Alfred A. Knopf, 2011, p. 24
  2. http://www.kickacan.com/pierre[мртва врска] reverdy, retrieved August 2, 2012
  3. http://www.poetryfoundation.org, retrieved August 2, 2012
  4. Reverdy, Pierre, "Selected Poems," Bloodaxe Books, title page
  5. http://www.killacan.com/pierre[мртва врска] reverdy, retrieved August 2, 2012
  6. 6,0 6,1 Vaughan, Hal, "Sleeping With The Enemy, Coco Chanel's Secret War, Alfred A. Knopf, 2011, p. 24<
  7. Vaughan, Hal, "Sleeping With The Enemy, Coco Chanel's Secret War, Alfred A. Knopf, 2011, p. 23
  8. Vaughan, Hal, "Sleeping With The Enemy, Coco Chanel's Secret War, Alfred A. Knopf, 2011, p. 53
  9. Charles-Roux, Edmonde, "Chanel and her World," Hachette-Vendome, 1981, p. 328, ISBN 9780865651593
  10. Vaughan, Hal, "Sleeping With The Enemy, Coco Chanel's Secret War, Alfred A. Knopf, 2011, p. 222

Надворешни врски

уреди