Престолнина на модата
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Моден град е градот каде што модната индустрија има релевантна и значајна позиција во локалната економија. Производството и извозот на добра, како и модните настани - модни недели, саеми и доделување на награди, ја подобруваат економијата и го покажуваат годишниот приход и позитивно влијае на другите сектори, како на пример секторот за услуги. Покрај економската моќ, во модниот град има активна забава и културна сцена кои ги привлекуваат туристите и потрошувашите, не само поради модата, туку и поради разновидноста на слободните активности. Модниот град треба да биде предмет на инспирација за професионалците кои живеат таму, со активна, јасна, силна и единствена субкултура од која можат да се инспирираат на само професионалците во модата, туку и луѓето во градот претворајќи го уличниот стил и уличната култура во важна одлика. Мешањето на модата, бизнисот, забавата, културата и слободните активности го прават градот привлечен и меѓународно признат како моден центар со свој единствен и силен идентитет, разликувајќи се во одредени одлики.
Главни градови на модата
уредиДенес, Њуjорк и Милано се сметаат за економски и медиумски престолнини на модата во светот. Според Глобалниот Јазичен Монитор , Њуjорк се наоѓа на првото место пет последователни години, но сепак во 2009 година беше поразен од Милано. Модата во овие градови сè повеќе се концентрира на економијата и медиумскиот успех, отколку на убавината и елеганцијата. И двата града имаат долга традиција на совршеност и креативност во дизајнот (особено Милано кој е дом на едни од најпознатите модни уметници во светот, како што се Версаче, Армани, Долче и Габана и многу други) и долги години претставувале значајни историски центри на уметнчкиот моден дизајн. Модaта во Милано се смета за практична, но во исто време елегантна и многу префинета, концентрирајќи се повеќе на модерната конфекциска облека, отколку на скапата облека од високата мода. Слична ваква е и модата во Њуjорк. Меѓутоа, и двата града имаат првокласна висока мода и трговски центри од високата мода. Од не економски гледна точка, Париз и Лондон се сметаат за симболични модни центри во Европа поради долготрајната историја како центри на уметноста и модата и како дом на неколку високо престижни модни куќи. Сепак, според Глобалниот Јазичен Монитор се поразени од поуспешните економски градови како Њуjорк и Милано. Иако овие градови се многу успешни и имаат добар меѓународен углед во светот, повеќе се познати по престижот и елеганцијата на модните дизајни отколку по економскиот успех. ( модните творци во Лондон се познати по нивната претерана ексцентричност, додека пак Париските дизајнери се познати по нивната елегантна и формална облека ). Други главни центри на модата во светот се Лос Анџелес, Рим, Сиднеј, Токио, Барселона, Лас Вегас, Торонто, Шангај и Дубаи. Меѓутоа, во последните години се зголеми значењето на модната индустрија во многу градови во светот како што се Чикаго, Саун Пауло и Сиднеј.
Ранг список на модни градови
уредипозиција | град | регион |
---|---|---|
1 | Њујорк | Североисточна Америка |
2 | Хонгконг | Источна Азија |
3 | Лондон | Западна Европа |
4 | Париз | Западна Европа |
5 | Лос Анџелес | Западна Америка |
6 | Милано | Западна Европа |
7 | Сиднеј | Океанија |
8 | Мајами | Јужна Америка |
9 | Барселона | Јужна Европа |
10 | Мадрид | Јужна Европа |
11 | Мелбурн | Океанија |
12 | Шангај | Источна Азија |
13 | Саун Пауло | Латинска Америка |
14 | Токио | Источна Азија |
15 | Сингарпур | југоисточна Азија |
16 | Лас Вегас | Западна Америка |
17 | Амстердам | Западна Европа |
18 | Берлин | Западна Европа |
19 | Рио де Жанеиро | Латинска Америка |
20 | Москва | Источна Европа |
21 | Дубаи | Среден Исток |
22 | Рим | Јужна Европа |
23 | Кејптаун | Јужна Африка |
24 | Буенос Аирес | Латинска Америка |
25 | Јоханесбург | Јужна Африка |
Региони
уредиГлобалниот Јазичен Монитор во 2009 година ги опиша овие водечки модни градови во нивните одделни региони.
- Азија и Океанија: Хонгконг, Сиднеј, Токио, Шангај, Бангкок.
- Европа: Милано, Париз, Рим, Лондон, Барселона, Берлин, Мадрид, Стокхлом, Копенхаген и Амстердам.
- Индија: Мумбај и Њу Делхи.
- Латинска Америка: Саун Пауло, Рио де Жанеиро, Сантјаго, Буенос Аирес и Мексико.
- Средна и Источна Европа: Москва, Краков и Прага.
- Среден Исток и Африка: Бејрут, Дубаи, Јоханесбург и Кејптаун.
- Северна Америка: Њуjорк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Мајами, Далас, Торонто, Монтреал и Атланта.
Глобалниот Јазичен Монитор во 2008 година ги опиша овие воде~ки модни градови во нивните одделни региони.
- Азија и Океанија: Сиднеј, Токио, Хонгконг, Шангај, Сингапур, Бусан и Бангкок.
- Европа: Рим, Париз, Милано, Лондон, Берлин, Мадрид, Стокхлом, Барселона и Копенхаген.
- Индија: Мумбај и Њу Делхи
- Латинска Америка: Саун Пауло, Сантјаго, Буенос Аирес и Рио де Жанеиро.
- Средна и Источна Европа: Москва, Краков и Прага.
- Среден Исток и Африка: Дубаи, Јоханесбург и Кејптаун
- Северна Америка: Њуjoрк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Мајами, Торонто и Монтреaл