Хамди Дема
Хамди Дема (с. Омеши, Пешкопеја, Албанија, ? - Западна Македонија, 1945) — македонски Албанец, учесник во НОВ.
Хамди Дема бил приврзаник на албанскиот крал Зогу. По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, од 1941 до 1943 година бил во служба на италијанските окупатори и на нивните албански сојузници во Македонија. Од 1942 година бил капетан на албанската милиција во окупирано Кичево. На 29 јуни 1943 формирал Национален албански комитет, кој соработувал со народноослободителното движење. Наскоро, во јули 1943, побарал да се приклучи кон народноослободителното движење со голем дел од неговите милиционери. На 13 август 1943 бил назначен за командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, а во септември 1943 за член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во тоа својство, во октомври 1943 година е еден од потписниците на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.[1] На 7 јули 1944 година бил делегиран за пратеник од Дебар на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил осомничен за контраразузнавачки активности, поради што бил осуден и во обид за бегство - убиен.[2]