Прва дивизија на фудбалската лига на Англија
Првата дивизија на фудбалската лига на Англија била највисоката лига во англискиот клупски фудбал од 1888 до 1992 година и втора лига по ранг од 1993 до 2004 година. Последниот пат кога лигата бил играна како највисоко ниво, титулата ја освоила екипата на Лидс Јунајтед во сезоната 1991-1992.
Со воведувањето на Премиер лигата во англискиот фудбал во сезоната 1992-1993, Првата дивизија продолжила да постои како втора лига по ранг на англиската фудбалска пирамидата. Во 2004 година кога фудбалската лига била ребрендирана, Првата дивизија била преименувана во Чемпионшип лига, и под ова име и денес е познато второ ниво во англискиот фудбал.
Историја
уредиФудбалската лига била формирана во 1888 од страна на директорот на Астон Вила, Вилијам Мекгрегор. На почетокот била формирана само една дивизија со 12 клубови (Акрингтон, Астон Вила, Блекбурн Роверс, Болтон Вондерерс, Барнли, Дарби Каунти, Евертон, Нотс Каунти, Престон Норт Енд, Стоук (сега преименуван во Стоук Сити), Вест Бромвич Албион и Вулверхемптон Вондерерс), под името Фудбалска лига. Кога лигата примила нови членови од соперничката Фудбалска Алијанса во 1892, била поделена на две дивизиии; оригиналната лига била проширена (со приклучувањето на најдобрите два клубови од Алијансата) и преименувана во Прва дивизија, другите членови на Алијанста биле примени во новоформираната Втора дивизија.
Следните 100 години, Првата дивизија била највисокиот степен на натпреварување во англискиот професионален фудбал. Во 1992, 22 клуба кои играле во Првата дивизија решиле да ја напуштат и да ја формираат Премиер лигата. Ова било направено за да се профитира од нивниот статус на најголеми и најбогати клубови во земјата. Фудбалската лига била реорганизирана поради ова, по што Втората, Третата и Четвртата дивизија биле преименувани во Прва, Втора и Трета. Така, Првата дивизија била сѐуште највисоко натпреварувачко ниво во фудбалската лига, но сега била втор степен во англискиот фудбалски лигашки систем; највисоко пласираните клубови во Првата дивизија го наследиле плејоф системот за промоција во Премиер лигата од старата Втората дивизија.
Првата дивизија била преименувана во Фудбалска лига Чемпионшип пред стартот на сезоната 2004-2005, поради комерцијални причини. Но сепак останала второто ниво на англискиот фудбал.
Клубови кои се натпреварувале само во Првата дивизија
уредиКлубови кои се натпреварувале само во Првата дивизија, но не и во Премиер лигата, се: Акрингтон (оригиналниот, не сегашниот Акрингтон Стенли), Блекпул, Брадфорд Парк Авенија, Брентфорд, Брајтон и Хоув Албион, Бристол Сити, Барнли, Бери, Кардиф Сити, Карлајл Јунајтед, Дарвен, Глосоп Норт Енд, Гримзби Таун, Хадерсфилд Таун, Лејтон Ориент, Лутон Таун, Милвол, Нортхемптон Таун, Нотс Каунти, Оксфорд Јунајтед, Престон Норт Енд и Свонзи Сити. Нотс Каунти и Лутон биле членови на Првата дивизја во последната сезона пред да се формира Премиер лигата.
Од овие клубови, Барнли, Хадерсфилд и Престон биле англиски фудбалски шампиони; Акрингтон веќе не постои, а Бредфорд Парк Авенија, Дарвен и Глосоп долго време се наоѓаат далеку од најнискиот степен на натпреварување на Фудбалската лига, Лига два.
Еднократни вице-шампиони
уреди9 клубови завршиле само еднаш на второ место (но не шампиони) во Првата дивизија, кога била највисок степен на натпреварување, и не ја повториле таа изведба: Бристол Сити (1907), Олдам Атлетик (1915), Кардиф Сити (1924), Лестер Сити (1929), Чарлтон (1937), Блекпул (1956), Квинс Парк Ренџерс (1976), Вотфорд (1983) и Саутхемптон (1984). Поради големата разлика помеѓу клубовите од Премиер лигата и Првата дивизија, овој подвиг станал многу тежок за остварување бидејќи најбогатите клубови поставија монопол врз првите четири места во Премиер лигата.
Големина
уредиПрвата дивизија на почетокот се состоела од 12 членови-основачи; од тогаш поминала низ неколку проширувања поради растот на популарноста на фудбалот и зголемениот број на квалитетни клубови. Исто така имало и неколку намалувања во 1980-тите, но набрзо биле отстранети. Целосната историја на растот и намалувањето на лигата е следниов:
Број на тимови | Од | До |
---|---|---|
12 | 1888 | 1891 |
14 | 1891 | 1892 |
16 | 1892 | 1898 |
18 | 1898 | 1905 |
20 | 1905 | 1915 |
22 | 1919 | 1987 |
21 | 1987 | 1988 |
20 | 1988 | 1991 |
22 | 1991 | 1992 |
24† | 1992 | 2004 |
† како второ ниво на професионалниот фудбал во Англија
Tрофејот
уредиТрофејот на Чемпионшип лигата, е дизајниран од Вогтонс од Бирмингем во 1890, е истиот што го добивал шампионот на Англија до појавата на Премиер лигата, до летото 1992.
Понекогаш нарекуван „Дамата“ бидејќи на капакот има изгравирано женска фигура. Трофејот им бил доделен на некои легендарни клубови како: Хадерсфилд освојуваќи три титули во дваесеттите, на Арсенал кој освои пет титули во осум години во триесеттите. Манчестер Јунајтед под водство на Базби го освои во 1956 и 1957 пред случката во Минхен во 1958, Ливерпул го собрал десет пати во 18 сезони во периодот 1972-73 до 1989-90. Последниот тим кој го добил како Шампион на Англија бил Лидс Јунајтед во сезоната 1991-92. Оттогаш, како трофеј за второто ниво, ниту еден тим не можел да го задржи две години по ред, заради тоа што победникот стекнува промоција во Премиер лигата. Последниот шампион на Првата дивизија како второ ниво на англискиот фудбал под ова име бил Норич Сити во сезоната 2003-2004.
Моментален шампион на Чемпионшип е Вулверхемптон Вондерерс кој ја освоил титулата за сезоната 2017-2018.
Поврзано
уреди- Премиер лига на Англија - ја заменила Првата дивизија како највисоко ниво на англискиот фудбал во 1993.
- Фудбалска лига Чемпионшип - сегашното име на дивизијата.