уреди   

ВРЕМЕ

Време, во смисла на мерлива единица или често нарекувано њутново време, ја опишува идејата дека времето е обележано како движење по една линија (со континуитет или дис-континуитет) на истиот начин и на кој е изградена вселената. Овој тип на дефиниција се користи во физиката како и во економијата. Неокласичните економисти имплицитно ја прифаќаат оваа идеја за претставување на времето. На овој начин оваа теорија одигрува есенцијална улога во динамичните економски системи. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Вечноста означува безвременско постоење. Многумина овој поим го користат за да означат постоење надвор од времето. Постојат бројни дискусии за вечноста, при што поборниците на овој концепт, главно Аристотел, докажуваат дека материјата, движењето и времето вечно постојат.

Христијанскиот теолог и философ, Августин Аурелие, напишал дека времето постои само во рамките на физичкиот универзум, а само Господ постои надвор од времето. За Господ не постои ниту минато ниту иднина, туку само вечна сегашност. Прочитајте повеќе


уреди   

Категории

уреди   

Избрана биографија

Мишел де Нострадамус (14 декември 1503 или 21 декември 1503 (починал на 2јули 1566), бил француски апотекар и почитуван јасновидец кој отпечатил колекција на пророштва кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година.

Интересот за делото на Нострадамус, кој е истакната фигура на француската ренесанса е сè уште голем, посебно во медиумите, а на неговите пророштва во некои случаи им се додава библискиот код, или трудовите на некои други пророци. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Поглед на идна вселенска град-станица од Доналд Дејвис


уреди   

Поврзани портали

уреди   

Време на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)