Селиште (Подмоље)
Селиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Подмоље. Наоѓалиштето претставува средновековна населба, црква и некропола. Се наоѓа на 1 км североисточно од наоѓалиштето Корија - Манастириште (околу 2 км од селото Подмоље) и 2,5 км југоисточно од селото Оровник. Претставува блага котлина заградена од сите страни со брегови. По површината се забележуваат купишта од градежни камења меѓу кои два бунари за вода. На крајниот југозападен дел од котлината постојат остатоци од еднокорабна црква чии ѕидови се широки 90 см, ѕидани од кршен камен. Според кажувањата на жителите од Подмоље овде биле наоѓани и фрагменти од живопис. Јужно од црквата се протега некропола.[1]
ПоврзаноУреди
- Корија - Манастириште — средновековна црква;
- Чешма — средновековна црква и некропола;
- Подмоље;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
НаводиУреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |