Корија (Подмоље)
„Корија“
| |
Местоположба | 41°09′40″N 20°45′41″E / 41.16111° СГШ; 20.76139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Подмоље |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Корија или Манастириште — археолошко наоѓалиште во охридското село Ботун, Општина Дебрца. Претставува црква од средниот век.
Се наоѓа на околу 1 км источно од селото. На северната падина од долот се гледаат остатоци од сакрална градба (исток-запад околу 30 м; север-југ околу 10 м). Забележливи се и неколку простории. Ѕидовите се широки 0,90 м и се зачувани во височина од 0,10 до 0,30 м. На просторот од купиштата камења има фрагменти од покривни ќерамиди и бигорен камен. Околу целиот простор се забележуваат остатоци од ограден ѕид изведен во сувоѕидица. Југозападно за околу 50 м на спротивната падина, на јужниот срт од долот се наоѓаат остатоци од четвртеста градба за која се претпоставува дека била камбанарија. Најверојатно се работи за мал манастирски комплекс од развиениот среден век.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 274. ISBN 9989-649-28-6.