Чешма (Подмоље)
Чешма — археолошко наоѓалиште во охридското село Подмоље. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во самото село, источно од патот Кичево-Охрид-Скопје во близината на селската чешма. Северно од чешмата се наоѓа црквата Св. Константин и Елена која е подигната врз темели од постара црква околу која (особено јужно) се протега средновековна некропола. Според археологот Васил Лахтов, гробни конструкции се забележувале покрај самата чешма и биле поставени во правец исток-запад.[1]
ПоврзаноУреди
- Корија - Манастириште — средновековна црква;
- Селиште — средновековна населба, црква и некропола;
- Подмоље;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
НаводиУреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |