Колима (река)

(Пренасочено од Колима)

Колима (руски: Колыма́ е река во североисточен Сибир. Во нејзиното поречје се наоѓаат делови од руската република Јакутија и Магаданската област. Колима е смрзната до длабочина од неколку метри 250 дена секоја година. Ледениот покрив се ослободува во почетокот на јуни и останува така сè до почетокот на октомври.

Колима
Местоположба
Физички особености
УстиеИсточносибирско Море
Должина2,129 km
Особености на сливот

Долж реката живеат разни народности, кои — освен Руси и Јакути — опфаќаат Јукагири, Евени, Чукчи. Колима со нејзините приточни реци се смета една од последните хабитати на Јукагирите со главни населби во Нелемное, Черски, Сејмчан.

Во летно време Колима служи како главна сообраќајна артерија за рудите од Вернеколимска и Среднеколимска област, например антрацит и други видове јаглен.