Рунолист

(Пренасочено од Планинка)
Рунолист
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Племе: Смилови[1]
Род: Рунолистови
Вид: Рунолист
Научен назив
Leontopodium alpinum
Cass., 1822
Синоними

Leontopodium alpinum Colm. ex Cass.

Рунолист на планината Канистфлух, Австрија
Рунолистот како симбол на планинската пешадија на Австроунгарија и подоцна Германија
Ботаничка илустрација

Рунолист (планински рунолист или планинка; науч. Leontopodium alpinum) — ретко европско планинско цвеќе од семејството на штитоцветните (Asteraceae).

Називи

уреди

Јужнословенскиот назив „рунолист“ доаѓа од волнестиот изглед на листовите, како руно на овца.[2]

Научниот назив Leontopodium е латинизација на грчкиот збор леонтоподион (λεοντοπόδιον) = „лавја шепа“.[3]

На романски, растението се нарекува floarea reginei,[4] што значи „краличин цвет“. Персискиот назив му е голејах, што значи „леден цвет“.

Опис

уреди

Листовите и цветовите се прекриени со бели влакненца со волнест изглед. Стаблата растат 3–20 см во висина (а во услови на одгледување и до 40 см). Секој цвет се состои од 5-6 мали жолти главчиња (5 мм) окружени со прицветни ливчиња во ѕвездест состав. Растението цвета помеѓу јули и септември.

Распространетост

уреди

Растението има нерамномерна распределба и претпочита карпести варовници на надморска височина од 2000 до 2900 м. Традиционално се користело како народен лек за болести во стомакот и дишните патишта. Густите влакна го штитат растението од студот, сувотијата и ултравиолетово зрачење.[5]

Заштита

уреди

Поради неговата реткост, рунолистот е заштитен во многу земји, вклучувајќи ги Монголија, Бугарија, Хрватска, Швајцарија (од 1878), Франција, Норвешка, Иран, Индија, Италија, Србија, Малезија, Индонезија, Германија, Шпанија, Полска, Словачка и Словенија (во Горица и Градишка од 1896, а во Краина од 1898), Австрија (од 1886) и Романија (од 1933).

Одгледување

уреди

Рунолистот се одгледува во градини заради неговото интересно соцветие и сребрени листови.[6] Растенијата се краткотрајни, но можат да се ‘ртат од семиња.[7]

Употреба како симбол

уреди
  • На австриските монети од 2 евроценти.
  • Како симбол на Бугарскиот туристички сојуз
  • Како симбол на Националната туристичка организација на Швајцарија
  • На романските банкноти од 50 леи.
  • На друштвото „Рунолист“ (Edelweiss)
  • Австриското пиво „Еделвајс“ (Edelweiß)
  • Млечно чоколадо „Рунолист“ — поранешен производ на „Краш
  • Како неофицијално државно цвеќе на Швајцарија.
  • Како логотип на разни планинарски друштва како Германското планинарско здружение (Deutscher Alpenverein) и Австриското планинарско здружение (Österreichischer Alpenverein).
  • Edelweiss Air - меѓународен швајцарски авиопревозник наречен по растението. Цветот е истакнат и како лого на компанијата.
  • Како симбол на австроунгарските планински единици (1907), со указ од царот Франц Јосиф I. Го носеле три одреда. За време на Првата светска војна (1915) рунолистот им бил доделен на планинските единици во Германија како награда за храброст. Денес сè уште стои на униформите на австриските, полските и германските планински единици.
  • Како значка на германската антифашистичка младинска организација „Пирати на рунолистот“ (Edelweisspiraten) за време на Третиот Рајх.
  • Рунолистот бил симбол на Вермахтот и планинската пешадија „Горски стрелци“ (Gebirgsjäger) на Војската-СС (Waffen-SS) како метална значка на левата страна на капата, на појасот на друга капа и како пришивка на десниот ракав на униформата. Симболот и понатаму го носат денешните планински единици во Германија.
  • Германската воздухопловна единица од Втората светска војна „51-ва Борбена ескадрила“ (Kampfgeschwader 51) се нарекувала и ескадрила „Рунолист“.
  • Како обележје на чин, швајцарските генерали имаат пришиено рунолистови наместо ѕвезди. На пример, Korpskommandant (генерал-полковник во други земји) носи три значки со рунолист на јаката наместо три ѕвезди.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Randall J. Bayer, Christopher F. Puttock, and Scot A. Kelchner (2000). „Phylogeny of South African Gnaphalieae (Asteraceae) based on two noncoding chloroplast sequences“. American Journal of Botany. 87 (2): 259–272. doi:10.2307/2656914. JSTOR 2656914. PMID 10675314. Архивирано од изворникот на 2011-01-27. Посетено на 2011-06-02.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „рунолист“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. λέων, πόδιον, πούς. Henry George Liddell, Robert Scott. A Greek-English Lexicon - Perseus Project
  4. Taner Murat. Dicţionar român — tătar crimean, Sózlík kazakşa — kîrîm tatarşa. Taner Murat. стр. 136–. ISBN 9789736922657. Посетено на 19 август 2010.
  5. Vigneron, Jean Pol; Marie Rassart, Zofia Vértesy, Krisztián Kertész, Michaël Sarrazin, László P. Biró, Damien Ertz, Virginie Lousse (January 2005). „Optical structure and function of the white filamentary hair covering the edelweiss bracts“. Physical Review E. American Physical Society. 71. arXiv:0710.2695.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Mineo, Baldassare (1999). Rock garden plants: a color encyclopedia. Portland, Or.: Timber Press. стр. 150. ISBN 0-88192-432-6.
  7. McVicar, Jekka. Seeds: The Ultimate Guide to Growing Successfully from Seed. The Lyons Press. стр. 22. ISBN 1-58574-874-9.

Надворешни врски

уреди