Набор
Набор е секоја форма на релјефот која настанува со бранување на Земјината кора. Ова бранување е резултат на создавањето или исчезнувањето на делови од Земјината кора со помош на сила. Овие сили дејствуваат во текот на милиони години. Кога тие се многу силни, еластичноста на материјалот не може да ги поднесе и наборот се крши.