Патензен
Патензен (германски: Pattensen) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од покраинскиот главен град Хановер. Со околу 15.000 жители[2] претставува втора најмала општинска единица во округот.
Патензен
Pattensen | |
Поглед на Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градоначалник | Рамона Шуман (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 67 км2 |
Надм. височина | 63 м |
Население | 14.790 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 221 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30982 |
Повик. бр. | 05066, 05069, 05101, 05102 |
Портал | www.pattensen.de |
Местоположба на градот Патензен во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°16′0″N 9°46′0″E / 52.26667° СГШ; 9.76667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиПатензен се граничи со Шпринге, Хеминген и Лацен, сите во регионот Хановер, како и со Зарштет и Нордштемен од округот Хилдесхајм. Местото историски припаѓа на областа Каленбершки крај.
На исток од Патензен тече реката Лајне.
Градски единици
уредиКон Патензен припаѓаат местата Хипеде, Јајнзен, Колдинген, Ери, Патензен-Мите, Реден, Шуленбург и Фардегецен, како и помалите единици Тиденвизе и Лауенштат. Хипеде и Ери образуваат само една единица и имаат заеднички совет.[3]
Историја
уредиГрадот претставувал седиште на Кнежевството Каленберг до 1636 година, кога седиштето се преместило во Хановер.
Стопанство
уредиЦентарот за обработување на писма за поголемата област на Хановер се наоѓа во Патензен.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Патензен се состои од 30 членови.
На изборите во 2016 година бил избран следниов состав:[4][5]
Партија/Листа | Места |
---|---|
CDU | 12 |
SPD | 9 |
UWG/UWJ-Gruppe | 4 |
Зелени | 3 |
Слободни гласачи | 2 |
Дополнително, во советот учествува и градоначалничката Рамона Шума (SPD). Таа била избрана на директни избори во 2014 година.
Збратимени градови
уредиПатензен е збратимен со следниве градови:
Постојат партнерства и со други места.
Познати луѓе
уреди- Пер Мертезакер — фудбалер
Галерија
уреди-
Дамштрасе со протестантската црква
-
Штајнштрасе
-
Стара стражарница
-
Католичка црква
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Stadt Pattensen: Pattensen in Zahlen + Daten. mit Stand 1. Januar 2015, abgerufen am 30. Januar 2015.
- ↑ „Hauptsatzung der Stadt Pattensen“ (германски). Посетено на 2017-04-23.
- ↑ Hannoversche Allgemeine Zeitung. „Der frisch gewählte Rat der Stadt Pattensen hat sich am Donnerstagabend konstituiert“. Архивирано од изворникот на 2017-04-24. Посетено на 2017-04-23.
- ↑ „Bürgerinfosystem“ (германски). Архивирано од изворникот на 2017-04-24. Посетено на 2017-04-23.
Надворешни врски
уреди- Патензен на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)