Уставна монархија
Уставна монархија — државно уредување воспоставено под уставен систем којшто признава само избран или наследен монарх како глава на државата, за разлика од апсолутната монархија, каде што монархот не е ограничен со устав и е единствениот извор на политичка моќ. Процесот на влада и закон во уставната монархија вообичаено е многу поинаков од оној во апсолутната монархија. Современите уставни монархии обично се водат според концептот на „поделба на моќта“ (trias politica), каде што монархот е или глава на извршната власт или има само церемонијална или симболичка улога.
Државни уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Портал Политика · уреди |
Во претставничките демократии што се уставни монархии, како Обединетото Кралство, монархот може да биде претседател на државата, но премиерот, чија моќ потекнува директно или индиректно од избори, е претседател на владата.
Иако сегашните уставни монархии воглавно се демократии (наречени уставни демократски монархии), тоа не било отсекогаш така. Постоеле монархии коишто имале устави што биле фашистички (или квази-фашистички), како што било во Италија, Јапонија и Шпанија, или со воени диктатури, како што моментално е во Тајланд.
ПоврзаноУреди
Оваа статија за политика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |