Основни судови со проширена надлежност во Македонија

Основни судови со проширена надлежност во Македонија — судови кои ја извршуваат судската власт на Македонија во прв степен. Овие судови за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци.

Во рамките на судовите со проширена надлежност задолжително се основаат специјализирани судски оддели кои ќе постапуваат за одделни видови на спорови.[1]

Основни судови

уреди

Постојат 14 основни судови со проширена надлежност со седиште во Битола, Велес, Гостивар, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и во Штип. Следниве основни судови се со проширена надлежност. Овие судови ги вршат надлежностите и на подрачјата на судовите со основна надлежност.

  1. Основен суд во Битола со седиште во градот Битола за подрачјето на судовите во: Битола и Ресен;
  2. Основен суд во Велес со седиште во градот Велес за подрачјето на судот во Велес;
  3. Основен суд во Гевгелија со седиште во градот Гевгелија за подрачјето на судот во Гевгелија;
  4. Основен суд во Гостивар со седиште во градот Гостивар за подрачјето на судот во Гостивар
  5. Основен суд во Кавадарци со седиште во градот Кавадарци за подрачјето на судовите во: Кавадарци и Неготино;
  6. Основен суд во Кичево со седиште во градот Кичево за подрачјето на судовите во: Кичево и Дебар;
  7. Основен суд во Кочани со седиште во градот Кочани за подрачјето на судовите во: Кочани, Берово, Виница и Делчево;
  8. Основен суд во Куманово со седиште во градот Куманово за подрачјето на судовите во: Куманово, Кратово и Крива Паланка;
  9. Основен суд во Охрид со седиште во градот Охрид за подрачјето на судот во Охрид;
  10. Основен суд во Прилеп со седиште во градот Прилеп за подрачјето на судовите во: Прилеп и Крушево;
  11. Основен суд во Струга со седиште во градот Струга за подрачјето на судот во Струга;
  12. Основен суд во Струмица со седиште во градот Струмица за подрачјето на судовите во: Струмица и Радовиш;
  13. Основен суд во Тетово со седиште во градот Тетово за подрачјето на судот во Тетово и
  14. Основен суд во Штип со седиште во градот Штип за подрачјето на судовите во: Штип и Свети Николе.

Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје со седиште во градот Скопје исто така се сметаат за кривични судови со проширена надлежност за територијата на сите општини за кои се надлежни и како судови со основна надлежност. Од 2008 година, во Основниот кривичен суд Скопје постои специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на државата.

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 15 септември 2014.

Надворешни врски

уреди