Основен суд Гевгелија

суд во Македонија

Основен суд Гевгелија — суд со основна надлежност сместен во градот Гевгелија и го опфаќа подрачјето на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со судско одделение во градот Валандово.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Гевгелија, што ја стекнал во 2020 година. Дотогаш, судското подрачје на судот во Гевгелија припаѓал на судот во Велес.

Влезот во основниот суд

Судот во Гевгелија ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Гевгелија одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

уреди

Основниот суд во Гевгелија, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Внатрешна организација

уреди

Основниот суд во Гевгелија е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот

уреди

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Гевгелија биле следниве:

  • Сотир Делидинков
  • Мирко Попов
  • Томе Ортаковски
  • Ристо Танев
  • Јован Диманчев
  • Велика Караниколова
  • Драги Дилберов
  • Марица Аврамчева Зафирова
  • Драги Дилберов

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди

41°8′19″N 22°30′10″E / 41.13861° СГШ; 22.50278° ИГД / 41.13861; 22.50278