Основен суд Гостивар

суд во Македонија

Основен суд Гостиварсуд со основна надлежност сместен во градот Гостивар и го опфаќа подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Гостивар, а до 2020 година бил надлежен и за судовите во Кичево и Дебар.[2]

Основен суд Гостивар
Поглед на судот
Карта
НадлежностОпштина Гостивар,
Општина Врапчиште,
Општина Маврово и Ростуше
Местоположбаул. „Живко Брајковски“ бр.1,
Гостивар, Македонија
Composition methodОсновен суд
Мрежно местоwww.http://sud.mk/wps/portal/osgostivar
Претседател на суд
МоменталноЕљеса Алији
Од2020

Судот во Гостивар ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Гостивар одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

уреди

Основниот суд во Гостивар, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Согласно 2020 година, претседател на судот е судијата Ељеса Алији. Останати судии биле Бетим Илази, Ваиде Арслани, Весна Попоска, Виолета Нофитоска, Даут Рустеми, Драгослава Веселинова, Емине Мурати, Иљаз Исмаили, Јагода Богданоска, Јетмир Хамзаи, Ќирко Михајлоски, Магдалена Мишоска, Мерита Алиу, Мирослав Петроски, Павле Рафајлоски, Реџеп Асани, Теодора Евтимовска Бојковска, Феми Арслани.[3]

Внатрешна организација

уреди

Работата на Основниот суд во Гостивар е поделен на два судски оддели Кривичен и Граѓански оддел.[4]

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.
  2. „Општи податоци (надлежности и историјат)“. sud.mk. Посетено на 23 август 2022.
  3. „За судиите“. sud.mk. Посетено на 23 август 2022.
  4. „Внатрешна организација“. sud.mk. Архивирано од изворникот 2022-08-23. Посетено на 23 август 2022.

Надворешни врски

уреди

41°47′22.78″N 20°54′25.28″E / 41.7896611° СГШ; 20.9070222° ИГД / 41.7896611; 20.9070222