Основен суд Крива Паланка

суд во Македонија

Основен суд Крива Паланка — суд со основна надлежност сместен во градот Крива Паланка и го опфаќа подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.[1]

Судот во Крива Паланка ја извршува судската власт во прв степен во рамките на двете гореспоменати општини. Основниот суд во Крива Паланка одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

Историја

уреди

Основниот суд во Крива Паланка, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Првично, судот започнал да работи како Околиски суд во Крива Паланка во трошна куќа наречена „Баба Виткина куќа“, која се наоѓала зад сегашната зграда на полициската станица, пред некогашниот сточен пазар. Во 1956 година, судот се преместил во просториите на некогашниот Офицерски дом во Крива Паланка, во непосредна близина на старата автобуска станица и на градскиот плоштад.

Во 1973 година судот добил нова судска зграда, во која започнал да работи од 1974 година. Истата се наоѓа непосредно до градскиот плоштад. Во 2003 година, судската зграда била обновена и бил дограден уште еден кат на судската зграда.

Внатрешна организација

уреди

Основниот суд во Крива Паланка е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот

уреди

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Крива Паланка биле следниве:

  • Радован Тошев Јовановски (1945-1953)
  • Солтир Казанџиски (1953-1959)
  • Благоја Павловски (1959-1961)
  • Васил Петковски (1961-1970)
  • Ѓоко Алексовски (1971-1979)
  • Симеон Ристовски (1980-1986)
  • Благој Ангеловски (1986-1996)
  • Ѓоко Алексовски (1997-2001)
  • Благица Ѓошевска (2002-2006)
  • Славица Ѓорѓиевска (2006-2010)
  • Лоза Илиевска (2010-2014)
  • Анкица Димитровска (2015-денес)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди

42°12′9″N 22°20′7″E / 42.20250° СГШ; 22.33528° ИГД / 42.20250; 22.33528