Основен суд Кичево

суд во Македонија

Основен суд Кичево — суд со основна надлежност сместен во градот Кичево и го опфаќа подрачјето на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод, со судско одделение во градот Македонски Брод.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во Кичево и Дебар, што ја стекнал во 2020 година. Дотогаш, судското подрачје на судовите во Кичево и Дебар припаѓал на судот во Гостивар.

Влезот во основниот суд

Судот во Кичево ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Кичево одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

уреди

Основниот суд во Кичево, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Внатрешна организација

уреди

Основниот суд во Кичево е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди

41°8′19″N 22°30′10″E / 41.13861° СГШ; 22.50278° ИГД / 41.13861; 22.50278