Се викам црвено
Се викам црвено (турски: Benim Adım Kırmızı) објавен 1998, турски роман од писателот Орхан Памук.
Автор | Орхан Памук |
---|---|
Изворен наслов | Benim Adım Kırmızı |
Земја | Турција |
Јазик | Турски јазик |
Жанр | Историски роман |
Издавач | Алфред А. Кноф |
Издадена | 1998 |
Published in English | 2001 |
Медиум | печат (Хардбак & Папербак) |
Страници | 448 стр. (оригинал на турски) |
ISBN | 975-470-711-1 (original Turkish) ISBN 0-571-20047-8 (1st English ed.) |
OCLC | 223008806 |
Клас. КБ | PL248.P34 B46 1998 |
Романот е наградуван со бројни награди низ цел свет. Особено се истакнуваат меѓународните награди во Италија, Франција а секако е дел од севкупниот впечаток од неговото творештво за доделувањето на Нобеловата награда за литература[1].
Содржина
уредиГлавните ликови во романот се сликари на минијатури за време на Отоманското Царство.
Двајца минијатуисти биле убиени, додека работеле за книгата на султанот. Судот наредил истрага, која се претворила во истражување за корените на исламската уметност на минијатурата и односот на формата и композицијата кон природата, како и за нејзините противречни врски со исламските канони и контрапунктот со западното сликарство.
Најубавата жена во градот била вдовица. Нејзината иднина е нејасна, поради сложените закони и општествените односи, како и нејзините сопствени сомнежи и желби (еден вид паралела на конкретна човечка судбина со ситуациите или главниот мотив во романот - сликарството и неговата позиција во една империја). Дејството се се случува во Истанбул кон крајот на 16 век. Во светот на традиционалните стилски мотиви на исламското минијатурно сликарство, што било уникатно илустрирање на книгите, влијанието на западно европската уметност која најчесто била поединечна и со сосема поинакви естетски преокупации. Меѓу минијатуристите се формирале два табора - оние кои мислеле дека е време да се прифатат новите естетики и начини на сликање и оние кои верувале дека тоа е против исламските канони. Вториот табор бил поддржуван од фанатичните проповедници кои се бореле не само против новите форми во уметноста, туку и против секуларните појави (забави, кафеани) и неортодоксните религиозни институции (суфизам)[2].
Стил
уредиПишувањето на Памук, е во духот на постмодернизмот на Борхес, при што авторот потполно го напуштил конвенционалниот начин на раскажување и нарација.
Романот е полифониско дело, составено од исповедите на скоро сите главни ликови, како и на животни, предметите и рефлексии[3].
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Murder in miniature: A sixteenth-century detective story explores the soul of Turkey: John Updike writes about My Name Is Red at The New Yorker
- Richard Eder's review at The New York Times
- Extensive excerpts at Book Excerptise
- Medieval Sourcebook – Khosru and Shireen Архивирано на 7 август 2007 г.
- Orhan Pamuk at Nobelprize.org
- Официјален портал на Орхан Памук