Медалјон
Медалјон[1][2] — украс во облик на мала тркалезна или овална плочка во која се става портрет и се носи на врат.
Во архитектурата и уметничкото занаетчиство, медалјон е тркалезно или овално[3] украсено поле со слики или релјефи, што се користи за украсување фасади, ентериери, споменици, гробови, мебел, теписи, чаши или опрема.
За скулпторски медалјони се користат различни материјали: камен, бронза, алабастер, теракота и мермер. Во ренесансата, за обликување често се користеле преполовени портрети или портретни релјефи или бисти засновани на древни урнеци.
Галерија
уреди-
Римски релјеф на Јупитер, дел од збирката на дванаесет богови во медалјони, ок. 300-310 н. е.
-
Готски релјеф во манастирот Света Марија Гвадалупска, Шпанија, непознат архитект, непознат датум
-
Ренесансен медалјон во Отел ди Вје Резен (Hôtel du Vieux-Raisin),Тулуза, Франција, непознат архитект, ок. 1515–1528
-
Барокна скулптура на херувими кои држат медалјон со монограмот на Луј XIV, непознат скулптор, крајот на 17 - многу ран 18 век
-
Рококо медалјон во лунетот на вратата на хотелот де Салм-Дик, Париз, непознат архитект, 1722
-
Луј XVI медалјон со венци на рококо плоча, Стирзелбренска опатија, Стирзелбрен, Франција, непознат скулптор, средина на 18 век
-
Неокласичен медалјон на гробот на Жофроа Сент-Илер, гробишта Пер Лашез, Париз, Давид д'Анже, 1844
Наводи
уреди- ↑ „медалјон“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „медалјон“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Mish, Frederick C., уред. (2003). Merriam-Webster's Collegiate Dictionary (11th. изд.). Springfield, MA: Merriam-Webster. ISBN 0-87779-808-7. See definition 2.