Венец
Под поимот венец се подразбира невестински или олимписки украс за на глава, изработен од цвеќе, лоза, здравец, босилек, бршлен, шимшир или од некое друго зимзелено растение. Се одликувал со магиска заштитна функција. Венец исто така може да биде обесен на врата како украс.
Во некои македонски пределски целини како Скопска Црна Гора и Бојмија се одликува со посложена структура, украсен со метален накит (тепелак, тепелачиња и пиришани) врз основа направена од кора од црешово дрво во форма на цилиндар и покриен со бела марама со реси, така што има форма на капа или круг[1].
Поврзано
уредиНаводи
уредиИзвор
уредиМакедонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 264. ISBN 978-608-203-023-4.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |