Опсирино
Опсирино или Опсирина[1] (грчки: Εθνικό, Етнико, до 1927 г. Οψίρινα , Опсирина[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Лерин, во Западна Македонија, Грција.
Опсирино Εθνικό | |
Поглед на Драгошкиот манастир и селото Опсирино | |
Координати 40°52′14″N 21°21′18″E / 40.87056° СГШ; 21.35500° ИГД | |
Држава | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Долно Клештино |
Ист.-гео. област | Пелагонија |
Население | 49 жит. (2021) |
Шифра во ЕЛСТАТ | 1701020601 |
Надм. вис. | 680 м |
Опсирино на Ризницата |
Населението брои 49 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.[3]
Географија
уредиСелото е сместено 10 км северозападно од Лерин и 3 км западно од Долно Клештино, крај патот преку Драгош за Битола. Лежи крај Мала Река, во пазувите на планината Пелистер близу границата со Р Македонија.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиОписирино отсекогаш било македонско село. На почетокот на XX век селото припаѓало на Битолската и имало албанско малцинство кое подоцна исчезнало. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Опсирино имало 260 жители Македонци и 60 жители Албанци муслимани.[4][5] На почетокот на XX век грчката пропаганда правела обиди да пушти корени во селото, и сите христијани во него биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обсирина имало 208 Македонци под патријаршијата и во неа работело грчко училиште.[4][6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Опсирина се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 293 жители.[3] Во овој период Боривое Милоевиќ го завел како населба со 30 македонски куќи, а во 1920 г. во Опсирино се попишани 264 лица. Во 1927 г. властите го преименувале во Етнико, што во превод значи „национално“.[8] Следната 1928 г. селото броело 296 лица.[3]
Во 1940 г. селото покажува зголемување на 372 жители, иако во овој период имало иселување во прекуокеанските земји. За време на Граѓанската војна две семејства од Опсирино пребегале во Р Македонија, а повеќе поединци се иселиле во источноевропските земји. По војната настапило помасовно иселување во прекуокеанските земји и населението продолжило да се намалува до денес.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.[9]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 372 | 341 | 197 | 121 | 85 | 95 | 71 | 58 | 49 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ со варијантите Опсирено, Обсирено и Обсирина
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 166–167.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, р.168-169.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"