Оживување на волнениот мамут

Оживување на волнениот мамут ― предложена хипотетика дека остануваат замрзнати меки ткива и ДНК од изумрените волнени мамути би можеле да бидат средство за повтоно создавање на видот. Предложени биле неколку методи за постигнување на оваа цел, вклучувајќи клонирање, вештачко оплодување и уредување на геномот . Дали е етичко или не да биде создаден жив мамут се дебатира.

Модел на волнен мамут во Кралскиот британскоколумбиски музеј.

Во 2003 година, пиринескиот козор накратко бил оживеан, давајќи доверба на идејата дека мамутот може успешно да биде оживеан.

Преглед

уреди

Теоретски, зачуваниот генетски материјал пронајден во остатоците од волнените мамути може да биде користен за пресоздавање на живи мамути, поради напредокот во техниките на молекуларната биологија и клонирањето на цицачите, започнато со овцата Доли во 1996 година.[1][2][3] Клонирањето на цицачите било подобрено во последните две децении. До денес, не е пронајдено одржливо ткиво на мамут или неговиот недопрен геном за обид за клонирање.

Според Бет Шапиро, научник која имала средишна улога во секвенционирањето на геномот на мамутот, во нејзината книга од 2015 година Како да биде клонира мамут: Науката за уништување, вели дека мамутот никогаш нема да биде клониран, барем не оној што е чист мамут. Сепак, книгата заклучува дека веројатно, во одреден момент, ќе видиме нешто што наликува на мамут.[4] Споредбената геномика покажува дека геномот на мамутот се совпаѓа со 99% од геномот на слонот, така што истражувачите кои работат на терен имаат за цел да направат слон со гени на мамут, кои го кодираат надворешниот изглед и особините на мамутот.[5] Исходот би бил хибрид слон-мамут со не повеќе од 1% гени на мамут.[5] Одделни проекти работат на постепено додавање гени на мамут во клетките на слон ин витро.[1][2][6]

Colossal Biosciences, основано во 2021 година, е една биотехнолошко претпријатие кое јавно изјави дека нивниот проект е генетски да го воскресне волнениот мамут, комбинирајќи ги неговите гени со ДНК на азискиот слон. Јавно изјавиле дека има намера да го заврши проектот до 2027 година.[7][8]

Клонирање

уреди

Клонирањето вклучува отстранување на јадрото што содржи ДНК од јајце клетката на женски слон и замена со јадро од ткиво на волнениот мамут, постапка наречена јадрен преност на соматски клетки. На пример, Акира Иритани, од Универзитетот во Кјото во Јапонија, наводно планирал да го стори тоа.[9] Потоа, клетката би била стимулирана да се дели и ќе биде всадена во женски слон. Добиениот плод ќе ги има гените на волнениот мамут. Сепак, никој досега не нашол одржлива мамутска клетка за да започне постапката на клонирање, а повеќето научници се сомневаат дека која било жива клетка би можела да преживее замрзнување во тундрата на Арктикот.[10][11][12][13] Поради нивните услови на зачувување, ДНК на замрзнатите мамути значително била влошена во текот на милениумите.[14][15]

Вештачко оплодување

уреди

Вториот метод вклучува вештачко оплодување на јајце-клетка од слон со сперматозоиди од замрзнат волнен труп на мамут. Добиеното потомство ќе биде хибрид слон-мамут, а постапката ќе треба да биде повторена, па повеќе хибриди би можеле да бидат користени во размножувањето. По неколку генерации на вкрстување на овие хибриди, ќе биде произведен речиси чист волнен мамут. Дали хибридниот ембрион ќе биде носен во текот на двегодишната бременост не е познато; во еден случај, азиски слон и африкански слон создале живо слонче по име Моти, но тоа умрело од дефекти на помалку од две недели.[16] Исто така, треба да биде земен предвид уште еден факт, дека сперматозоидите на современите цицачи се одржливи најмногу 15 години по длабоко замрзнување. Ова го прави овој метод неостварлив.[15]

 
Модел што го прикажува слончето Дима, Штутгарт.

Уредување гени

уреди

Во април 2015 година, шведски научници го објавиле целосниот геном (секвенца на нуклеарна ДНК) на волнениот мамут.[1][17] На неколку проекти е работено на постепено замена на гените во клетките на слон со гени од мамут.[1][2] Еден таков проект е оној на генетичарот Џорџ М. Чрч од Универзитетот „Харвард“, кој е финансиран од Фондацијата „Лонг Сега“,[1][2] се обидува да создаде хибрид мамут-слон користејќи ДНК од замрзнати трупови на мамути. Според истражувачите, мамут не може повторно да биде создаден, но тие ќе се обидат на крајот да израснат хибриден слон со некои волнени особини на мамут во „вештачка утроба“.[18][19] Во 2017 година, Џорџ Чрч рекол: „Всушност тоа повеќе би наликувало на слон со голем број мамутски особини. Сè уште не сме таму, но тоа би можело да се случи за неколку години“. Суштеството, кое понекогаш е нарекувано „мамофант“, би било делумно слон, но со особини како што се мали уши, поткожно масно ткиво, долго бушаво крзно и ладно прилагодувачка крв.[20] Група од Универзитетот „Харвард“ се обидува да ги проучи особините на животните што се ин витро, со замена или уредување на некои специфични гени на мамут во клетки од кожа на азиски слон наречени фибробласти кои имаат потенцијал да станат ембрионски матични клетки.[21] До март 2015 година, и користејќи ја новата техника за уредување на ДНК со групирани редовно меѓупросторни кратки палиндромски повторувања, групата на Чрч имала некои гени на волнен мамут уредени во геномот на азискиот слон; насочувајќи се на отпорноста на студ првично,[10] целните гени се за големината на надворешното уво, поткожното масно ткиво, хемоглобинот и атрибутите на крзното.[21][22] До февруари 2017 година, групата на Чрч направил 45 замени на слоновиот геном.[18] Досега неговата работа била насочена исклучиво на единечни клетки. Во 2021 година, Чрч добил финансирање од 15 милиони долари и го основал новото претпријатие наречена Colossal.[23]

Проектот за мамутски геном на Државниот универзитет во Пенсилванија, исто така, го истражувал изменувањето на ДНК на африканскиот слон за да создаде хибрид мамут-слон.[24] Ако одржлив хибриден ембрион биде добиен со процедури за уредување гени, можно е негово вметнување во женски азиски слон сместен во зоолошка градина,[1] но со сегашното знаење и технологија, дали хибридниот ембрион ќе биде носен во текот на двегодишната бременост е непознато.[25][26]

Етика

уреди
 
Современите слонови се многу дружељубиви, како што покажуваат овие слонови од Шри Ланка.

Ако некој метод некогаш е успешен, бил даден предлог да бидат воведени хибриди во еден резерват за диви животни во Сибир наречен Плеистоценски парк,[27] но некои биолози ја доведуваат во прашање етиката на таквите обиди за рекреација.[28] Покрај техничките проблеми, не останало многу живеалиште кое би било погодно за хибридите мамути-слонови. Бидејќи и двата вида се [биле] општествени и здружени, создавањето на неколку примероци не би било идеално. Потребното време и ресурси би биле огромни, а научните придобивки би биле нејасни, што наведува дека овие ресурси треба да бидат користени за зачувување на постоечките видови слонови кои се загрозени.[15][29] Етиката на користење на слонови како сурогат мајки во обидите за хибридизација е исто така доведена во прашање, бидејќи повеќето ембриони не би преживеале, а точните потреби на хибридното потомство од мамут-слон би било невозможно.[12]

Волнени мамути и одржливост

уреди

Истражувачите од претпријатието Colossal потврдиле дека нивната примарна цел кога се обидуваат да го оживеат волнениот мамут е да ја подобрат животната средина и самите климатски промени.[30]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Mammoth genome sequence completed. BBC News, 23 април 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 The Long Now Foundation - Revive and Restore.
  3. Timmons, Jeanne (7 јануари 2013). „Could Ancient Giants Be Cloned? Is It Possible, And Is It Wise?“. Valley News.
  4. De-extinction and Conservation. Gregory E. Kaebnick, and Bruce Jennings. The Hastings Center Report. 26 јули 2017
  5. 5,0 5,1 The Mammoth Genome Project. Pennsylvania State University. Пристапено на 16 февруари 2024.
  6. "Mammoth: Back from the Dead" Архивирано на 6 јануари 2014 г.. National Geographic Channel.
  7. Zimmer, Carl (2021-09-13). „A New Company With a Wild Mission: Bring Back the Woolly Mammoth“. The New York Times (англиски). Посетено на 16 февруари 2024.
  8. Michael Greshko (13 септември 2021). „Mammoth-elephant hybrids could be created within the decade. Should they be?“. National Geographic. Архивирано од изворникот на September 13, 2021. Посетено на 16 февруари 2024.
  9. Lendon, Brad (17 јануари 2011). „Scientists trying to clone, resurrect extinct mammoth“. CNN News. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 16 февруари 2024.
  10. 10,0 10,1 Landers, Jackson (9 февруари 2015). „Can scientists bring mammoths back to life by cloning?“. The Washington Post. Посетено на 16 февруари 2024.
  11. Zimmer, Carl (април 2013). „Bringing Them Back to Life“. National Geographic. Архивирано од изворникот на 2017-03-29. Посетено на 16 февруари 2024.
  12. 12,0 12,1 Loi, Pasqualino; Saragusty, Joseph; Ptak, Grazyna (2014), Holt, William V.; Brown, Janine L.; Comizzoli, Pierre (уред.), „Cloning the Mammoth: A Complicated Task or Just a Dream?“, Reproductive Sciences in Animal Conservation, Advances in Experimental Medicine and Biology, New York, NY: Springer New York, 753: 489–502, doi:10.1007/978-1-4939-0820-2_19, ISBN 978-1-4939-0819-6, PMID 25091921, Посетено на 2022-10-23
  13. Shapiro, 2015. p. 11
  14. Timmons, Jeanne (7 јануари 2013). „Could Ancient Giants Be Cloned? Is It Possible, And Is It Wise?“. Valley News. Архивирано од изворникот на 30 March 2015.
  15. 15,0 15,1 15,2 Lister, 2007. pp. 42–43
  16. Stone, R. (1999). „Cloning the Woolly Mammoth“. Discover Magazine. Архивирано од изворникот на 29 јули 2014.
  17. Dalén, Love; Palkopoulou, Eleftheria; Mallick, Swapan; и др. (18 мај 2015). „Complete Genomes Reveal Signatures of Demographic and Genetic Declines in the Woolly Mammoth“. Current Biology. 25 (10): 1395–1400. doi:10.1016/j.cub.2015.04.007. PMC 4439331. PMID 25913407.
  18. 18,0 18,1 Reviving woolly mammoth will take more than 2 years Архивирано на 8 октомври 2017.. BBC News. Helen Pilcher, 22 февруари 2017.
  19. Kaebnick, Gregory E.; Jennings, Bruce (2017). „De-extinction and Conservation“. Hastings Center Report. 47: S2–S4. doi:10.1002/hast.744. PMID 28746761.
  20. Church, George (16 февруари 2017). „Woolly mammoth on verge of resurrection, scientists reveal“. The Guardian.
  21. 21,0 21,1 Webster, Ben (2015-03-23). „Scientist takes mammoth-cloning a step closer“. The Sunday Times.
  22. Sarah Fecht (24 март 2014), Woolly Mammoth DNA Successfully Spliced Into Elephant Cells, Popular Science, Архивирано од изворникот на 26 март 2015
  23. Herper, Matthew (13 септември 2021). „Return of the mammoth? George Church-backed company launches with $15 million for elephant-sized quest“.
  24. Scientists Hoped to Have Cloned a Living Woolly Mammoth by Now — Why Haven't We? Архивирано на 8 октомври 2017.. Sveta McShane. 17 август 2016. Singularity Hub.
  25. The Plan to Turn Elephants Into Woolly Mammoths Is Already Underway Архивирано на 24 април 2015.. 21 мај 2014.
  26. „Scientists Sequence Woolly-Mammoth Genome“. Mammoth Genome Project. Pennsylvania State University. Архивирано од изворникот на 2008-12-02. Посетено на 16 февруари 2024.
  27. Zimov, S. A. (2005). „Essays on Science and Society: Pleistocene Park: Return of the Mammoth's Ecosystem“ (PDF). Science. 308 (5723): 796–798. doi:10.1126/science.1113442. PMID 15879196.
  28. An Analysis of Potential Ethical Justifications for Mammoth De-extinction And a Call for Empirical Research. Yasha Rohwer and Emma Marris. Ethics, Policy & Environment; Volume 21, 2018; Issue 1; pages: 127-142.
  29. Griffin, A. (2015-03-23). „Woolly mammoth could be revived after scientists paste DNA into elephant's genetic code“. The Independent. Архивирано од изворникот на 25 септември 2015.
  30. Star, The San Juan Daily (1 ноември 2021). „A new company with a wild mission: Bring back the woolly mammoth“. San Juan Daily Star. Архивирано од изворникот на 2023-12-08. Посетено на 2024-02-16.