Мамут

(Пренасочено од Мамути)
Мамут
Еукариоти

Мамут (науч. Mammuthus < рус. мамонт < манс. манг онт = „земјен рог“)[1] е било кој вид од изумрениот род Мамути, кои биле сурлари со долги закривени бивни и, кај северните видови, прекривка од долги влакна. Живееле од времето на плиоценот (пред 5 милиони години) до холоценот (пред 4500 години).[2][3] и му припаѓале на семејството Слонови, каде спаѓаат и двата рода на денешни слонови и нивните предци.

Мамут
Период: ран плиоцен - среден холоцен
Стадо волнени мамути во северна Шпанија за време на плеистоценот
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Сурлари
Семејство: Слонови
Род: Мамути
Brookes, 1828
Типски вид
волнен мамут
(Blumenbach, 1799 [првично: Elephas])
Видови

Опис

уреди
 
Степски мамут

Како и нивните денешни сродници, мамутите биле прилично големи. Најголемиот пронајден примерок е висок околу 4 м и тежи 8 тони, а се смета дека особено големите единки достигнувале 12 тони. Меѓутоа, највеќето видови мамути биле големи колку денешните азиски слонови. Врз основа на проучувањата на современите слонови, утврдено е дека мамутите веројатно имале период на бременост од 22 месеци и раѓале по едно младенче. Нивната општествена структура веројатно била иста како кај африканските и азиските слонови, каде женките живеат во стадо предводено од матријарх, додека мажјаците, достигнувајќи полова зрелост, живееле како самци или во слободни групи.[4]

Изумирање

уреди
 
Скелет на колумбиски мамут во музејот „Пејџ“ во Лос Анџелес

Волнениот мамут е последниот вид од родот Мамути. Најголем број волнени мамути од Северна Америка и Евроазија, како и колумбиските мамути во Северна Америка изумреле за време на последното повлекување на ледниците, како дел од масовното изумирање на плеистоценската мегафауна во тие подрачја. Сè до неодамна се сметало дека последните волнени мамути исчезнале од Европа и Јужен Сибир пред 12.000 години, но најновите наоди укажуваат дека ова се случило пред околу 10.000 години. Малку подоцна, волнените мамути исчезнале и од континентален (среден) Сибир.[5] Мал број на единки преживеале на островот Свети Павле во Алјаска сè до 3750 п.н.е.,[3][6][7], а малите[8] мамути на Врангеловиот Остров преживеале до 1650 п.н.е.[9][10] Неодамнешните иследувања на наносите во Алјаска укажуваат на тоа дека мамутите конечно ги снемало на американското копно пред 10.000 години.[11]

Досега стручњаците немаат дојдено до единствен конечен одговор за нивното исчезнување. Некои сметаат дека значаен удел имал трендот на затоплување (холоцен) кој започнал пред 12.000 години, заедно со повлекувањето на ледниците и накачувањето на морското ниво. Поради ова, степите и честаците прераснале во шуми. Меѓутоа, овие климатски промени не биле нова појава. Во текот на леденото време, во последните неколку милиони години се случиле голем број на мошне слични затоплувања без да влијаат на мегафауната. Затоа, климата сама по себе не претставува одлучен фактор во изумирањето.[12][13] Проширувањето на понапредните луѓе во северна Евроазија и Америка веројатно одиграло значајна улога.[12][13]

Дали мамутите изумреле поради климата или поради истребување од луѓето е спорна проблематика.[14] Според друга теорија, мамутите ги зафатила опасна заразна болест. Можно е изумирањето да се должи на комбинација од климатските промени и истребување од луѓето. Познато е дека праисторискиот човек хомо еректус се хранел со мамути уште од пред 1,8 години.[15] Наоди во Украина укажуваат на тоа дека неандерталците правеле живеалишта мамутски коски.[16]
Врз основа на остатоците од смрзнатите мамути правени се обиди за нивно „оживување“. Така, со помош на генетско инженерство, научниците од Универзитетот во Харвард успеале да извлечат и да обработат гени од смрзнати остатоци од волнениот мамут при што успеале да вградат 45 гени од мамутот во клетка на азиски слон.[17]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Мамонт“ - Етимолошки речник на рускиот јазик од М. Р. Фасмер (руски)
  2. „Волнен мамут (Mammuthus primigenius)“. Природонучна академија при универзитетот „Дрексел“. Архивирано од изворникот на 2012-03-04. Посетено на 7 март 2012. (англиски)
  3. 3,0 3,1 Guthrie RD (2004). „Radiocarbon evidence of mid-Holocene mammoths stranded on an Alaskan Bering Sea island“. Nature. 429 (6993): 746–9. doi:10.1038/nature02612. PMID 15201907. |access-date= бара |url= (help)
  4. „Колумбиски мамут и Каналски мамут“. Зоолошка градина - Сан Диего. Архивирано од изворникот на 2018-09-15. Посетено на 15 јули 2010. (англиски)
  5. doi:10.1016/j.bbr.2011.03.031
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  6. doi:10.1016/j.yqres.2008.03.006
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  7. doi:10.1016/j.palaeo.2008.12.019
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  8. Tikhonov, Alexei; Larry Agenbroad, Sergey Vartanyan (2003). „Comparative analysis of the mammoth populations on Wrangel Island and the Channel Islands“. DEINSEA. 9: 415–420. ISSN 0923-9308. Архивирано од изворникот на 2012-06-11.
  9. Arslanov, K., Cook, G.T. , Gulliksen, S., Harkness, D.D., Kankainen, T., Scott, E.M., Vartanyan, S., and Zaitseva, G.I. (1998). „Consensus Dating of Remains from Wrangel Island“. Radiocarbon. 40 (1): 289–294. Посетено на 2012-03-07.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  10. Vartanyan, S.L.; Kh. A. Arslanov; T. V. Tertychnaya; S. B. Chernov (1995). „Radiocarbon Dating Evidence for Mammoths on Wrangel Island, Arctic Ocean, until 2000 BC“. Radiocarbon. Department of Geosciences, The University of Arizona. 37 (1): 1–6. Посетено на 10 јануари 2008.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. Haile J, Froese DG, Macphee RD; и др. (2009). „Ancient DNA reveals late survival of mammoth and horse in interior Alaska“. Proc. Natl. Acad. Sci. U.S.A. 106 (52): 22352–7. doi:10.1073/pnas.0912510106. PMC 2795395. PMID 20018740. |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. 12,0 12,1 Martin, P. S. (2005). Twilight of the Mammoths: Ice Age Extinctions and the Rewilding of America. University of California Press. ISBN 0520231414.
  13. 13,0 13,1 Burney, D. A.; Flannery, T. F. (јули 2005). „Fifty millennia of catastrophic extinctions after human contact“ (PDF). Trends in Ecology & Evolution. Elsevier. 20 (7): 395–401. doi:10.1016/j.tree.2005.04.022. PMID 16701402. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-10. Посетено на 12 јуни 2009.
  14. Фаунтен, Хенри (22 декември 2009). „ДНК-анализи го поместија времето на изумирање на мамутите“. New York Times. стр. 3. Посетено на 8 август 2010. (македонски)
  15. doi:10.1641/0006-3568(2006)56[292:CWT]2.0.CO;2
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  16. Греј Р. (18 декември 2011). „Неандерталците правеле живеалишта од мамутски коски“. Telegraph.co.uk. Посетено на 8 март 2012. (англиски)
  17. „Волнениот мамут ќе се врати, созреан во вештачка матка“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 16.