Западна Папуа (индонезиски: Papua Barat) е покраина во Индонезија што го опфаќа западниот полуостров на островот Нова Гвинеја. Ова е најмалку населената покраина во земјата и една од двете сместени во индонезиска Нова Гвинеја (заедно со покраината Папуа на исток). Пред 2007 г, покраината се нарекувала Западна Иријан Џаја (индонезиски: Irian Jaya Barat). Регионот ги опфаќа полуостровите Добреај и Бомберај, како и околните острови во состав на Раџа Ампат. Според пописот од 2010, покраината има 760.855 жители.[1]

Западна Папуа
Papua Barat
Покраина
Знаме на Западна ПапуаАмблем на Западна Папуа
Амблем
Гесло: Cintaku Negeriku (индонезиски)
(Мојата љубов, мојата земја)
Местоположбата на Западна Папуа
Местоположбата на Западна Папуа
Координати (Маноквари): 0°52′S 134°5′E / 0.867° ЈГШ; 134.083° ИГД / -0.867; 134.083
ЗемјаИндонезија
Админ. центарМаноквари
Управа
 • УправникАбрахам Октавијанус Атурури
Површина
 • Вкупна140.375,62 км2 (5,419,933 ми2)
Население (2010)
 • Вкупно760.855
 • Густина0,054/км2 (0,14/ми2)
Демографија
 • НародностиМеланезијци, Папуанци
 • Религијапротестантство (53,77%), ислам (38,4%), католицизам (7,03%), хиндуизам (0,11%), будизам (0,08%)
 • Јазицииндонезиски (службен)
Час. појасEIT (UTC+09)
Мреж. местоpapuabaratprov.go.id

Намесништва

уреди

Административен центар на покраината е Маноквари. Покраината административно е поделена на 10 намесништва (kabupaten) и еден автономен град (kota). Податоците за населението се однесуваат на 2010 година.

Назив Површина (км2) Население
(2005)
Население
(2010)
Админ. центар
Јужен Соронг 16.807,00 54.270 37.579 Теминабуан
Кајмана 18.500,00 36.714 46.243 Кајмана
Мајбрат 13.203,00 33.735 Кумуркек
Маноквари 14.448,50 151.824 187.591 Маноквари
Раџа Ампат 6.084,50 35.948 42,471 Вајсај
Соронг (град) 1.105,00 146.390 190.341 Соронг
Соронг 19.736,25 86.870 70.635 Ајамс
Тамбраув[2] 5.587,75 6.393 Феф
Телук Бинтуни 18.637,00 46.784 52.403 Бинтуни
Телук Вондама 12.146,62 26.311 Расиеј
Факфак 14.320,00 58.160 67.153 Факфак

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 2012-07-04.
  2. Undang-Undang Nomor 56 Tahun 2008 tentang Pembentukan Kabupaten Tambrauw di Provinsi Papua Barat

Надворешни врски

уреди