Руме
Руме (германски: Rhume) — десна притока на реката Лајне, долга 48 километри, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Браната Руме во Елферсхаузен | |
Место | Долна Саксонија, Германија |
---|---|
Должина | 48 км |
Извор | кај Румшпринге 51°35′23″N 10°18′36″E / 51.589738° СГШ; 10.310020° ИГД |
Висина на изворот | 160 м над м.н. |
Утока | во Лајне кај Нортхајм 51°43′47″N 9°56′59″E / 51.7297° СГШ; 9.9496° ИГД |
Висина на утоката | 116 м над м.н. |
Спуст | 44 м |
Слив | Везер |
Одлив | Лајне → Алер → Везер → Северно Море |
Слив | 1.193,4 км² [1] |
Истек со Нортхајм мерило[2] |
Рекордно низок: 5,32 м³/С (во 25.08.2001) Просечен низок: 6,63 м³/с Просечен среден: 16,9 м³/с Просечен висок: 116 м³/с Рекордно висок: 168 м³/с (во 30.09.2007) |
Десни притоки | Одер, Зезе |
Леви притоки | Елер, Хале |
Помали градови | Нортхајм |
Нејзиниот извор е најобилен карстен извор во Средна Европа. Водата потекнува од подземни притоки од планинскиот масив Харц.
Извор
уредиИзворот на Руме се наоѓа во источниот дел на Ротенберг, недалеку од североисточниот дел на општината Румшпринге и е достапен на неколку минути од еден паркинг.
Тек
уредиРуме тече од нејзиниот извор низ Румшпринге и потоа главно кон северозапад преку Гиболдехаузен и Билсхаузен. Подоцна, во неа се влева Одер, која не само што е подолга, туку и со поголем проток на вода. Неколку километри понатаму во Руме се влева Зезе, уште една силна притока од Харц. На крајот се влева северозападно од Нортхајм во Лајне. Тука тече со 16,5 м3/с просечно, многу повеќе отколку Лајне (9,8 м3/с[3]).
Места
уредиМеста низ кои поминува Руме:
- Румшпринге
- Ридерсхаузен
- Волерсхаузен
- Гиболдехаузен
- Билсхаузен
- Линдау
- Вахенхаузен
- Катленбург
- Берка
- Елферсхаузен
- Нортхајм
Притоки
уредиПритоки на Руме се (во заградите се местата на устието):
леви | десни |
Водени спортови
уредиРуме е пловна преку целата година за кајаци и кануа, кои можат да се изнајмат.
Хидроенергија
уредиВо Нортхајм се користат водите на Руме во хидрокинетична централа со 650 KW моќност.[4] Покрај таа, постојат помали централи во Елферсхаузен и Катленбург.[5]
Наводи
уреди- ↑ Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen. (Verzeichnis und Karte). Jena 1998, Предлошка:DNB.
- ↑ „Deutsches Gewässerkundliches Jahrbuch Weser-Ems 2008“ (PDF) (германски). Niedersächsischer Landesbetrieb für Wasserwirtschaft, Küsten- und Naturschutz. Посетено на 2012-10-07.
- ↑ nach Untersuchungen für eine hydrologische Simulation (Diss. Bonn 2003)[мртва врска]
- ↑ bsc: Rhume sorgt in der Stadt für grünen Strom In: Hessisch Niedersächsische Allgemeine Zeitung. Nr. 81 vom 6. April 2011, S. 1.
- ↑ Kristian Schlegel: Wasserkraft ist im Kommen In: Hessisch Niedersächsische Allgemeine Zeitung. Nr. 81 vom 6. April 2011, S. 2.
Надворешни врски
уреди- Руме на Ризницата ?
- Опис за изворот на Руме