Брукхејвенска национална лабораторија
Брукхејвенска национална лабораторија (англиски: Brookhaven National Laboratory, BNL) — научна установа на Министерство за енергетика на САД, една од поголем број државни „национални лаборатории“ посветени на науката. Сместена во месноста Аптон на островот Лонг Ајленд, Њујорк, а основана е во 1947 г. на местото на поранешната воена база „Кемп Аптон“. Наречена е по градот Брукхејвен, во чие пошироко подрачје влегува установата.
Поглед на лабораторијата од воздух | |
Гесло | Passion for discovery („Страст за откривање“) |
---|---|
Основана | 1947 |
Истражувања | јадрена физика, физика и хемија на материјалите, околински и биолошки истражувања |
Средства | над 700 милиони долари (2013) |
Директор | Дун Гибс |
Вработени | 3.000 |
Место | Аптон, округ Сафолк, Њујорк, САД |
Кампус | 21 км2 |
Стопанисувач | здружени универзитети (Brookhaven Science Associates, LLC) |
Мреж. место | bnl.gov |
Работна поставеност
уредиИако лабораторијата е во сопственост на Министерството за енергетика, научните истражувања ги вршат повеќе универзитети и научни организации, кои воедно стопанисуваат со неа во здружен облик.
Лабораторијата има кадар вкупно 3.000 вработени, меѓу кои научници, инженери, техничари и помошен персонал, како и до 4.000 гостински истражувачи годишно,[1] а откритијата направени во неа довеле до повеќе Нобелови награди.[2]
Брукхејвенската национална лабораторија има своја полициска станица, противпожарна служба и поштенски број (11973). Зафаќа вкупна површина од 21,3 км2 со своја железничка делница, по која сообраќаат возови по потреба.
Историја
уредиУстановата е основана во 1947 г. на местото на базата Кемп Аптон која служела за обука во Првата и Втората светска војна. По завршетокот на втората војна, решено е дека базата треба дас е расходува и да се пренамени во место за развивање на атомска енергија за мирољубиви цели. За оваа цел е создадена организација составена од деветте најважни истражни универзитети во земјата: Колумбискиот универзитет, „Корнел“, „Харвард“, „Џонс Хопкинс“, Масачусетскиот технолошки институт (МИТ), Принстонскиот, Пенсилванскиот, Рочестерскиот универзитет и „Јејл“.
На 21 март 1947 г. Кемп Аптон прешол од Министерството за одбрана (војна) во сопственост на Комисијата за атомска енергија на САД (AEC), претходник на Министерство за енергетика.
Главни програми
уредиИако бил првобитно предвиден како центар за јадрени истражувања, денес задачите на центарот се многу поопсежни. Во него се одвива работа на следниве полиња:
- јадрена и честична (високоенергетска) физика[3]
- физика и хемија на материјалите[4]
- околинско[5] и енергетско истражување
- нераспространување на јадреното оружје[6]
- Невронауки и медицинско снимање[7]
- структурна биологија[8]
Главни строеви
уреди- Релативистички судирач на тешки јони (Relativistic Heavy Ion Collider, RHIC) — строј наменет за испитување на кварково-глуонската плазма.[9] Сè до 2008 г. бил најмоќниот забрзувач на честички.
- Центар за функционални наноматеријали (Center for Functional Nanomaterials, CFN) — строј за проучување на материјали во наноразмери.[10]
- Национален синхротронски извор на светлина II (National Synchrotron Light Source II, NSLS-II) — наследник на Националниот синхротронски извор на светлина[11] кој во својата тридецениска историја привлекол повеќе истражувачи од било кој друг научен строј на светот,[12] овозможувајќи го откритието наградено со Нобеловата награда за хемија во 2003 г.[13]
- Синхротрон со наизменичен наклон (Alternating Gradient Synchrotron, AGS) — забрзувач на честички, од чија употреба произлегле три нобелови награди.[14]
- Постројка за забрзувачки проби (Accelerator Test Facility, BNL-ATF) — направа за создавање, забрзување и надзор на снопови од честички.[15]
- „Тандем Ван де Граф“ (Tandem Van de Graaff) — своевремено најголем електростатички забрзувач на светот.[16]
- „Њујорк блу џин“ (New York Blue Gene) — 18-поличен суперсметач (со дополнителен двополичен сродник) во соработка со универзитетот „Стоуни Брук“.[17]
Нобеловци
уредиФизика
уреди- 1957: Џенинг Јанг и Цунгдао Ли — закони за парноста[18]
- 1976: Семјуел Тинг — пси-честичка[19]
- 1980: Џејмс Кронин and Вал Логсдон Фич — CP-нарушување[20]
- 1988: Леон Ледерман, Мелвин Шварц, Џек Стајнбергер — мионско неутрино[21]
- 2002: Рејмонд Дејвис — неутринско колебање[22]
Хемија
уреди- 2003: Родерик Макинон — јонски канал[13]
- 2009: Венкатраман Рамакришнан и Томас Стајц — рибозом[23]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „About BNL“. Bnl.gov. Посетено на 2012-07-25.
- ↑ „Nobel Prizes at BNL“. Bnl.gov. Посетено на 2012-07-25.
- ↑ „Physics Department“. Bnl.gov. 2008-05-12. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Homepage, Basic Energy Sciences Directorate“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-27. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Environmental Sciences Department“. Bnl.gov. 2009-02-04. Архивирано од изворникот на 2010-03-08. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Brookhaven National Laboratory Nonproliferation and National Security Programs“. Bnl.gov. 2010-02-02. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Radiotracer Chemistry and Instrumentation for Biological Imaging“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2009-05-19. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Biology Department – Brookhaven National Laboratory“. Biology.bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2009-03-13. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „RHIC | Relativistic Heavy Ion Collider“. Bnl.gov. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Center for Functional Nanomaterials, Brookhaven National Laboratory“. Bnl.gov. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „NSLS-II: The Future National Synchrotron Light Source“. bnl.gov. Посетено на August 4, 2010.
- ↑ „National Synchrotron Light Source“. Nsls.bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-03-15. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ 13,0 13,1 „Nobel Prize | 2003 Chemistry Prize, Roderick MacKinnon“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-28. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Alternating Gradient Synchrotron“. Bnl.gov. 2008-01-31. Архивирано од изворникот на 2010-01-13. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Accelerator Test Facility“. Bnl.gov. 2008-01-31. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Tandem Van de Graaff“. Bnl.gov. 2008-02-28. Архивирано од изворникот на 2010-02-19. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ New York Blue Gene supercomputer
- ↑ „Nobel Prize | 1957 Physics Prize, Lee and Yang“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-28. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Nobel Prize | 1976 Prize in Physics, Samuel Ting“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-28. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Nobel Prize | 1980 Physics Prize, Cronin and Fitch“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-28. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Nobel Prize | 1988 Prize in Physics, Lederman, Schwartz and Steinberger“. Bnl.gov. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Nobel Prize | 2002 Physics Prize, Raymond Davis jr“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-28. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ „Nobel Prize | 2009 Chemistry Prize, Venkatraman Ramakrishnan and Thomas A. Steitz“. Bnl.gov. Архивирано од изворникот на 2010-05-28. Посетено на 2010-05-20.
Надворешни врски
уреди„Брукхејвенска национална лабораторија“ на Ризницата ? |
- Портал на Брукхејвенската национална лабораторија (англиски)
- Прибележана библиографија на трудови од Брукхејвенската национална лабораторија Архивирано на 21 јули 2006 г. — дигитална библиотека за јадрени работи „Алсос“ (англиски)