Никола Шишков
Никола Ефремов Шишков ( 1883 во Ваташа — 1948 во ) — македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, член на Македонската револуционерна организација и носител на Илинденска споменица.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од имотна трговска фамилија, која му овозможила да се стекне со солидно образование. Основно училиште завршил во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа се запишал во средото земјоделско училиште во Софија. Во 1900 година на неполни 17 години станал член на револуционерната организација, а за да ја докаже својата приврзаност и лојалност према организацијата, му било наложено да ликвидира еден турски шпион.[1]
Никола Шишков станал член на ваташката месна чета со која раководел Јованче Поп Антов.[1] Во 1905 година заедно со Димитар Пинџуров и Лазо Сојтериев се придружуваат во Околиската чета на војводата Добри Даскалов.[2] Учествувал во многу борби со својата чета, меѓу кои позначајни се борбата во Ресава на 13 јули 1905 година, борбата кај Трника близу Мрежичко во август истата година, борбата кај селото Грбавец, борбата со турската војска во август 1907 година во месноста Омот, близу селото Бохула и други.[1]
Во една борба бил потешко ранет по што бил приморан подолго време да помине на лекување. Носител е на Илинденска споменица од 1 јули 1946 година. Никола Шишков починал во 1948 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 439–440. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ „Утре се навршуваат 100 години од загинувањето на Димитар Пинџуров“. ktv.mk. Посетено на 2024-07-13.