Илинденска споменица
- За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница
Илинденската споменица — македонско одликување востановено од Народното собрание на Народна Република Македонија.[1] Споменицата популарно е наречена „Илинденка“. Доделена е во 1951 година на преживеаните илинденци по повод 50-годишнината од Илинденското востание.
Илинденска споменица | |
---|---|
Доделена за | Залуги во народнореволуционерната борба за ослободување на македонскиот народ[1] |
Држава | НР Македонија (денес Македонија) |
Доделува | Президиум на Народното собрание на НР Македонија |
Награда/и | Месечна илинденска пензија |
Статус | не се доделува |
Прво доделување | 1951 |
Последно доделување | 1951 |
Опис
уредиИлинденската споменица е на квадратна основа со пречник од 60 мм. Основната површина била изработувана од позлатен никел и истата е во форма на радијални зраци кои стигнуваат до надворешниот раб на споменицата и се назабени. Круг, со пречник од 60 мм, е вметнат во основната површина, и истиот се состои од две ловорови гранки поврзани на дното. Во кругот има релјеф на борци илинденци, изработуван од посребрен никел. Борците се во борбен строј и со пушки во рацете. Среде споменицата има релјеф на борец од Илинденското востание, кој се издвојува како централна фигура. Борецот носи штик и два реденика, од кои едниот се протега од левото рамо преку градите, а другиот околу појасот на борецот. Борецот во десната рака го држи развеано знамето на востанието, кое го покрива горниот дел од вметнатиот круг. На дното на вметнатиот круг, каде што се поврзани ловоровите гранки, стои натпис со големи кирилични букви: „Илинден 1903“. Вметнатиот круг, борците, централната фигура и натписот биле изработувани од чисто сребро. Лицето на споменицата е испупчено.[2]
Критериуми
уредиИлинденската споменица се доделувала на:
- лица кои во национално-револуционерното движење и борбата за ослободување на македонскиот народ работеле како организатори или раководители;
- лица кои во тоа движење и во таа борба со оружје в раце како борци непосредно учествувале во оружени судири со војска, полиција, потери и други наоружани одреди организирани од непријателот со цел да се сузбие и угуши движењето и борбата;
- лица кои по наредба од организаторите и раководителите на движењето и борбата вршеле специјални задачи и акции во полза на движењето и борбата;
- лица кои на друг начин лично стекнале особени заслуги за движењето и борбата или постигнале особени успеси во движењето и борбата за ослободување на македонскиот народ;[1]
Добитници
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Службен весник на НРМ 16/50 од 19 јуни 1950 (страница 3-4)
- ↑ „Статут на Илинденската споменица“ (PDF). 27 јули 1951. Посетено на 2 август 2021.
- Malinar, Veljko (1980). „Ilindenska spomenica 1903“. Numizmatičke vijesti. Zagreb: Hrvatsko numizmatičko društvo (34): 21–24.