Никола Казанџиев (роден на 23 март 1879 година во Радовиш - починал на 19 март 1971 година во Софија) — македонски револуционер, публицист и национален политички деец.[1]

Никола Казанџиев
Роден 23 март 1879
Радовиш, Отоманско Царство
Починал 19 март 1971
Софија, Бугарија
Националност Македонец
Занимање публицист

Животопис

уреди

Никола Казанџиев во 1899 година стапил во редовите на Македонската револуционерна организација и активно учествувал во Илинденското востание. Тој го организирал револуционерното движење во родниот град и му помагал на Гоце Делчев при упатувањето преку граница во Македонија на чети, курири и оружје, како и при враќањето на луѓето. Во 1903 година, Казанџиев активно учествува во Илинденското востание, а две години потоа, како и многумина Македонци, во потрага по егзистенција заминал преку океанот, во Јужна Америка.

Во Аргентина, заедно со Никола Чуков работел како општ работник и се вклучил на социјалистичкото движење. Во 1907 година, Казанџиев го основал Македонско-одринското браство и бил негов претседател во текот на 1907 и 1908 година. Од 1907 до 1919 година, Казанџиев бил член на Аргентинската социјалистичка партија, а од 1919 година на Аргентинската комунистичка партија (АКП). Во периодот од 1923 до 1930 година Никола Казанџиев е член на Централниот комитет на АКП.

Во меѓувреме, во 1922 година дошло до масовно емигрирање на Македонци и Бугари во градовите од Јужна Америка, како Буенос Аирес, Рио де Жанеиро и Монтевидео. Од иселениците од Македонија и од Бугарија, во 1924 година, Казанџиев формирал Македонско-бугарска комунистичка група. Никола Казаџиев бил сопственик на весникот “Народна Трибуна“ кој излегувал во периодот од 1936 до 1939 година во Буенос Аирес. За време на Втората светска војна Казанџиев зел активно учество во основањето и во дејноста на Македонскиот комитет за помош на антифашистичкото движење во 1941 година. Во текот на 1942 година, тој го оддржал првиот конгрес на „Славјаните во Аргентина“.

Во 1948 година се вратил во Македонија и се населил во Скопје. Во почетокот на 1950 година ги напишал мемоарите за Илинденското востание, а во 1963 година се преселил во Бугарија и живеел во Софија сè до крајот на својот живот.

Никола Казанджиев починал во Софија на 19 март 1971 година.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Казанџиев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 659. Text "series " ignored (help)