Мусаџали
Мусаџали или Муса Чали (грчки: Αετοφωλιά, Аетофилија; до 1926 г. Μουσατζιαλή, Мусаѕијали[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика во областа Централна Македонија, Грција.
Мусаџали Αετοφωλιά | |
---|---|
Рушевините на некогашното село | |
Координати: 41°13′N 23°28′E / 41.217° СГШ; 23.467° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Валовишта |
Надм. вис. | 760 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во југозападните разгранки на планината Шарлија, на 7 км југоисточно од градот Валовишта, на надморска височина од 760 м.[1]
Историја
уредиВо XIX век Мусаџали било турско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Муса Чали имало 200 Турци.[2]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 222 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 131 лице.[1]
Во 1927 година, името на селото било променето во Аетофолија (Αετοφωλιά), во превод „орлово гнездо“.[1]
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на нивно место се населиле 13 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 г. Поради немање поволни услови за живеење, доселеното население се иселило и населбата била избришана од евиденција во 1940 г.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 202–203.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 186. ISBN 954430424X.