Музеј Орсе
Музејот Орсе е музеј во Париз, на реката Сена отворен во 1986 г. Во истата зграда претходно била сместена железничката станица Гар д'Орсе. Музејот има поставка од француската уметност од 1848.-1915 година, вклучувајќи слики, скулптури, мебел и фотографии. Најпознат е по големата колекција на ремек-дела на импресионистите: сликите на Моне, Дега, Реноар и Сезан.
Главната сала на музејот Орсе | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Paris" does not exist | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1986 |
---|---|
Место | Rue de Lille 75343 Paris, France |
Координати | 48°51′36″N 2°19′37″E / 48.860° СГШ; 2.327° ИГД |
Тип | Ликовен музеј, Дизајнерски/Текстилен Музеј, Знаменитост[1] |
Посетеност | 3.0 милиони (2009)[2]
|
Директор | Серж Лемоан |
Јавен превоз | Солферино Музеј Орсе |
Мреж. место | www.musee-orsay.fr |
Историја
уредиЗградата на музејот оригинално била железничка станица, Гар д'Орсе, изградена во 1900 година, од која поаѓале возовите во правец на Орлеан. Во 1977 година започнала реконструкцијата и нејзината пренамена во музеј, која била завршена во 1986. Музејот сега има 20.000 м² импресивен изложбен простор на четири ката.
Музејот се наоѓа на местото на палатата Орсе, изградена во 1810 година и украсена со фрески на Теодор Шасерио[3], каде во 1840 година се наоѓал Државниот совет, на приземјето. Палатата била опожарена во 1871 година за време на Париската комуна и оставена во урнатина сè до изградбата на железничката станица Гар д’Орсе пред Светската изложба во 1900 година.
Западната тераса била изградена во 1985 година и има многу статуи чија група наречена Статуи од 6 континенти, првично била поставена на терасата на Трокадеро палатата за време на Светската изложба на 1878[4].
Музејот Орсе кој дотогаш бил железничката станица за првпат бил отворен на 9 декември 1986 година. За да се овозможи неговата трансформација во музеј на уметноста на 19 век, по волјата на претседателот Валери Жискар Дестен, зградата била преправена 1983-1986 од страна на архитектите Рено Бардон, Пјер Колбок и Жан-Пол Филипон, победници на архитектонскиот конкурс кој се одржал во 1979 година, подоцна им се приклучил и италијанскиот архитект Гае Ауленти.
Ноќта на 6 октомври 2007 година, за време на Белите ноќи, непознати лица во музејот сериозно оштетиле една слика од Клод Моне, Мостот на Аржентеј (француски: Le Pont d'Argenteuil), од 1874 година. Сликата потоа била реконструирана.
Збирка
уредиСликарство
уредиМузејот Орсе ја чува најголемата колекција на слики на импресионистите (над 480 платна)[5] и постимпресионисти (повеќе од 600 слики од нео-импресионистите, симболистите, набис итн) во светот, како и група слики од школата на Барбизон, реалистични, натуралистички, ориенталистички и академски, вклучувајќи и странски школи. Речиси 5.200 слики ја сочинуваат музејската збирка, но голем број дела, околу 1.720 слики, вклучително и околу 100 за кои не се знае каде се или се уништени, се депонирани во јавни згради или провинциски музеи.
Поважни слики
уреди- Гистав Корбе — Студиото на уметникот, Седнат млад човек, Потеклото на светот
- Жан-Франсоа Миле — Пролет,, The Gleaners
- Жан-Батист Камиј Коро — Утро. Танцот на нимфите
- Александар Кабанел — Раѓањето на Венера, Смртта на Франческа да Римини и Паоло Малатеста
- Жан-Леон Жером — Портрет на бароницата Натаниел де Ротшилд, Приемот на Конде во Версај, Грофицата де Келер
- Пјер Пуви де Шаване — Млади девојки до морето, The Young Mother also known as Charity, Поглед на палатата Версај и градината со портокали
- Ежен Будин — Trouville Beach
- Камиј Писаро — Бела слана
- Едуар Мане — Олимпија, Балкон, Берта Моризо со букет темјанушки, Доручек на тревата
- Едгар Дега — Парада, позната и како Коњска трка пред трибините, The Bellelli Family, The Tub, Портрет на Едуар Мане, Portraits, At the Stock Exchange, Апсинт
- Пол Сезан — Јаболки и портокали
- Клод Моне — Станицата Сен Лазар, Улицата Монторгеј во Париз. Прослава на 30 јуни, 1878, Ефект на ветрот, Series of The Poplars, Rouen Cathedral. хармонија во сино, Blue Water Lilies
- Одилон Редон — Калибан
- Пјер Огист Реноар — Bal au moulin de la Galette, Montmartre
- Жил Дезбоа — Destitution
- Фердинанд Ходлер — Der Holzfäller (The Woodcutter)
- Гистав Кајебо — The Floor Planers
- Едуар Детај — Сон
- Брајан Рајт — "Човекот"
- Винсент ван Гог — Автопортрет, Сиеста, Црквата во Овер, View from the Chevet, Италијанка, Ѕвездено небо над Рона, Портретот на д-р Гаше
- Ежен Јансон — Proletarian Lodgings
- Пол Сињак — Women at the Well
- Феликс Вајотон — Misia at Her Dressing Table
- Жорж-Пјер Сера — Циркус
- Пјер Бонард — The Chequered Blouse
- Андре Девамбес — The Charge
- Вилијам Адолф Бугеро — Раѓањето на Венера
Галерија на дела изложени во музејот
уреди-
Вилијам Бугеро
Данте и Виргилиј (1850). -
Гистав Курбе
Атељето на сликарот(1855). -
Жан-Франсоа Миле
Сејачки на семиња (1857). -
Винсент Ван Гог
Црквата во Овер сир Оаз (1890). -
Анри де Тулуз-Лотрек
Креветот (околу 1892). -
Пол Гоген
Ареареа (1892). -
Извор, par Ingres.
-
L'Angélus de Millet.
-
Кларинетистот, Едуар Мане.
-
Балконот, Едуар Мане.
-
Лулашката, од Реноар
-
Играчи на карти, Пол Сезан
-
Жената во кафетеријата, Пол Сезан
-
Пат во Лувесиен од Алфред Сисли.
-
Апсинт, Едгар Дега
-
Кафе-концерт за амбасадори, од Едгар Дега
-
Собата на Ван Гог во Арл, Винсент Ван Гог.
-
Докторот Гаше, Винсент Ван Гог.
-
Жени од Тахити, Пол Гоген.
-
La Charmeuse de serpents, Дуанје Русо.
-
La Guerre, le Douanier Rousseau.
-
Клод Моне
Лондон, Парламентот. Грст сонце во маглата (1904).
Скулптури
уредиНеокласицизам
уреди- Џејмс Прадиер (Женева, 1792-Бугивал,1852), Сафо 1852
Романтизам
уреди- Пјер-Жан Давид од Анжер (Анжер, 1788-Париз, 1856)
Гете, 1829-1831, гипс
- Франсоа Руде (Дижон, 1784-Париз, 1855)
Наполеон се буди за бесмртност, 1845, гипс
- Огист Прео (Париз, 1809-1879)
Офелија, 1842, бронза
Еклектицизам на Втората империја
уреди- Жан Батист Карпо (Валенсиен, 1827-Курбевоје, 1875), 117 скулптури од кои:
Уголино и неговите деца, 1860, бронза
Принцезата Матилда, 1862, мермер
Царскиот принц и неговото куче Нерон, 1865 година, мермер
Четири страни на светот кои ја поддржуваат небесната сфера, 1868-1872, лакирани влакна од гипс
Танц, 1869 година, депониран од Опера Гарние
Еклектицизам на Третата Република
уреди- Жан-Пол Обе (Лонгви, 1837-Кејп Бретон, 1916)
Данте Алигиери, 1879, бронза
- Теофил Баро (Каркасон, 1848-Париз, 1913)
Сузан, 1895, мермер
Луј-Ернест Баријас (Париз, 1841-1905)
Биста на Жорж Клерин, сликар, 1875, теракота
Нубијците (Ловци на алигатори), 1894, гипс гипс
Природата и се открива на науката, 1899, мермер, оникс, гранит, малахит
- Фредерик Аугуст Бартолди (Колмар, 1834-Париз, 1904)
Статуа на слободата, 1889, бронза
Белфорски лав, 1900, бронзено бареле
- Жил Кутан (Париз, 1848-1939)
Ловци на орли, 1900, гипс
Реализам
уреди- Оноре Домиер (Марсеј, 1808-Валмонд, 1879)
Познати личности од Праведна средина, околу 1832, 36 карикатури во обоена сурова земја
Ратапоил, околу 1851 година, бронза
- Жил Далу (Париз, 1838-1902), 91 скулптури од кои:
Ковач 1886, студија, патиниран малтер
Република, 1879, скица на теракота
Големиот селанец, 1904 година, бронза
Импресионизам и Огист Роден
уредиПозначајни вајари во овој правец се:
Франсоа Руд, Жил Кавелие, Жан Батист Карпо, Огист Роден, Пол Гоген, Камиј Клодел и Оноре Думие.
-
Едгар Дега, Тангерка
-
Роден, Сен Жан Батист
-
Роден, Зима
-
Роден, Порта на пеколот, 1880-1917, гипс.
-
Роден, Мисла
-
Rodin, Ugolin et ses enfants
-
Камиј Клодел, Торзо на Клото, околу 1893
-
Камиј Клодел, Сакунтала, студија, околу 1886
Други дела
уредиМузејот има и колекции на:
- архитектура и декоративни уметности
- фотографија
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на музејот
- Орсе — Фото галерија Архивирано на 27 декември 2009 г.
- Длики и информации Архивирано на 29 април 2009 г.
- Инсекула: Виртуелна посета на музеј Орсе Архивирано на 30 јануари 2005 г.
Наводи
уреди„Музеј Орсе“ на Ризницата ? |
- ↑ „Musée d'Orsay: About“. ARTINFO. 2008. Посетено на 30 July 2008. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Exhibition and museum attendance figures 2009“ (PDF). London: The Art Newspaper. April 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-02. Посетено на 20 May 2010.
- ↑ Rodríguez Castresana, Elisa (2017-10-26). „Le Musée européen des copies de Charles Blanc comme « pendant » du Louvre“. Les cahiers de l'École du Louvre (11). doi:10.4000/cel.731. ISSN 2262-208X.
- ↑ Delalain, Paul. Étude sur le Libraire Parisien du XIIIe au XVe Siècle. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 53–55. ISBN 9781139175814.
- ↑ Вклучително 64 платна на Гоген, Ван Гог и Тулуза Лотрек.