Морски крокодил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodylia
Семејство: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. porosus
Научен назив
Crocodylus porosus
(Schneider, 1801)
Распространетост на морскиот крокодил

Морскиот крокодил (Crocodylus porosus) е најголемиот од сите преживеани видови на крокодиловидни животни и влекачи. Го среќаваме низ Југоисточна Азија, Северна Австралија и околните води.

Особености

уреди
 
Глава на Crocodylus porosus

Морскиот крокодил има подолга муцка од индискиот крокодил, и е двапати подолг во ширина [1].

Возрасен мажјак од морскиот крокодил најчесто расте помеѓу 4,9 и 5,5 метри и тежи од 640 до 1100 килограми [2]. Женките се помали од мажјаците (види полов диморфизам) и достигнуваат должина помеѓу 2,1 и 3 метри [3][4]. Најголемата регистрирана женка била со должина од 4,2 метри [5]. Морскиот крокодил има помалку коскени израстоци на вратот од останатите видови на крокодили и неговото широко тело е исто така поразлично од останатите, поради што на почетокот имало претпоставки дека се работи за алигатор [3].

Максималната големина која овие крокодили можат да ја достигнат е тема на бројни контроверзии. Најдолгиот крокодил некогаш измерен од муцката до опашката и проверен преку мерење на неговата кожа, бил долг 6,2 метри. Бидејќи кожите имаат тенденција да се смалат откако ќе се одвојат од месото, должината на крокодилот кога бил жив е проценета на 6,3 метри, и се претпоставува дека тежел околу 1200 килограми [6]. Нецелосни останки (череп на крокодил убиен во Ориса [7]) се декларирани дека се од крокодил дол 7,6 метри, но после експертската анализа на черепот заклучено е дека припаѓал на крокодил не подолг од 7 метри [6]. Има и бројни декларации за крокодили кои надминувале 9 метри, сепак анализата на черепите покажала дека убиените животни биле со должина помеѓу 6 и 6,6 метри [5].

Денес со обновата на живеалиштето на морскиот крокодил и со намалениот лов, можно е да има единки со должина од 7 метри или повеќе [8]. Гинис прифатил тврдење за 7 метарски мажјак од морски крокодил, со проценета тежина од 2000 килограми, кој живее во паркот Бхитарканика во државата Ориса, Индија [7][9]. Сепак поради невозможната мисија за фаќање и мерење на толку голем жив крокодил, нековите димензии никогаш не биле прецизно измерени.

Еден крокодил убиен во Квинсленд во 1957 година бил пријавен со должина од 8,5 метри, но никогаш не се направени мерења за проверка, и не постојат какви било останки од овој крокодил. Реплика на овој крокодил е направена како туристичка атракција [10][11][12]. Постојат и многу други пријави за крокодили кои надминуваат 8 метри [13][14] меѓутоа овие се многу сомнителни и непроверени [6].

Распространетост

уреди
 
Морски крокодил се сонча во Австралија
 
Морски крокодил во Квинсленд

Морските крокодили се со намален број во повеќето региони и се смета дека се скоро изумрени во Тајланд (можно е да има неколку единки во националните паркови) и Виетнам (со исклучок на повремени „доселеници“ од Камбоџа). Во Камбоџа постојат мал број на крокодили кои живеат во реките и мочуриштата. Статусот и бројноста на морските крокодили во Мјанмар е непознат, а се знае дека постојат во Бангладеш. Иако морските крокодили некогаш биле доста чести во делтата на Меконг (каде изумреле во 1980-тите) и многу други речни системи, денес иднината на овие животни во југоисточна Азија не е многу светла. Сепак, опасноста од изумирање на овој вид е многу мала, поради неговата голема глобална распространетост и огромните популации во Северна Австралија и Нова Гвинеја. Во Индија е доста редок во повеќето региони, но е доста присутен во североисточниот дел на земјата, односно во Ориса и Сундербанс. Постојат спорадични популации низ Индонезија и Малезија, каде во одредени делови постојат огромни популации (Борнео на пример), додека во други делови популациите се во опасност од изумирање (Филипини). Морскиот крокодил исто така е присутен и во одредени делови на јужниот Тихи Океан, со средна популација на Соломонските Острови, мала популација на Винуату (се претпоставува дека ќе исчезне во блиска иднина, бидејќи брои 3 единки), и популација со солиден број единки но под ризик на Палау [3]. Во северна Австралија (каде спаѓаат делови на Северна Територија, Западна Австралија и Квинсленд) популацијата на морски крокодили константно се зајакнува. Во овие региони се среќаваат и огромни единки кои надминуваат 6 метри. Според груба проценка популацијата на Австралиски морски крокодил брои 100 000 – 200 000 единки. Распространети се од Брум во Западна Австралија, преку целата Северна Територија, па сè до Рокхамптон во Квинсленд. Овој вид многу често се среќава и во Нова Гвинеја, каде живее во крајбрежните води, некои речни системи, делти и мочуришта.

Морските крокодили некогаш го населувале и источниот брег на Африка и Сејшелските острови. Овие крокодили се верувало дека спаѓаат во видот на нилскиот крокодил, но потоа се докажало дека всушност се Crocodylus porosus [3].

Живеалиште

уреди

Морските крокодили за време на тропската дождовна сезона ги населуваат слатководните мочуришта и реки, а за време на сувата сезона мигрираат кон делтите на реките и понекогаш навлегуваат во морето. Крокодилите жестоко се борат меѓу себе за територија, и доминантните мажјаци ги заземаат најдобрите простори од слатководните реки и потоци. Младите крокодили се приморани да живеат во маргиналните делови на речните системи, а понекогаш дури и во океанот. Ова ја објаснува огромната распространетост на овој вид крокодил (од источниот брег на Индија до северна Австралија), и фактот што понекогаш го среќаваме и на многу невообичаени места како Јапонското Море.

Однесување

уреди
 
Морски крокодил скока од вода во националниот Парк Какаду

Морскиот крокодил е опортунистички грабливец кој е способен да го улови било кое животно кое ќе навлезе на негова територија, без разлика дали на копно или во вода. Познато е дека овие крокодили напаѓаат и луѓе. Младите крокодили напаѓаат помали животни како инсекти, водоземци, ракови, мали влекачи и риби. Колку крокодилот расте поголем, така расте и списокот на животни кои се вклучени во неговата исхрана. Сепак поголем дел од нивната исхрана ја сочинуваат мали животни. Морските крокодили можат да се хранат со мајмуни, кенгури, диви свињи, динго, птици, гоани, домашна стока, воден бивол, гаури, ајкули [15][16] или луѓе [8][17], како и многу други животни. Домашната крава, коњ, вдниот бивол и гаурот, кои можат да тежат над тон, се сметаат за најголемиот плен кој може да биде уловен од мажјак морски крокодил. Единствена закана за возрасен морски крокодил претставуваат другите крокодили [5].

Генерално овие крокодили делуваат незаинтересирано – одлика која им овозможува да преживеат месеци кога нема храна. Најчесто овие крокодили го поминуваат денот безделничејќи во вода или сончајќи се на брегот, а ловат за време на ноќта. Кога напаѓаат, изведувааат многу брзи движења, без разлика дали напаѓаат на копно или од вода.

Бидејќи е грабливец кој напаѓа од заседа, крокодилот најчесто чека пленот да се доближи до водата пред да нападне. Повеќето животни се усмртени од огромната сила на вилиците, додека некои се дават откако крокодилот ќе го одвлече пленот во вода. Морскиот крокодил е многу силно животно и без пролем може да одвлече во вода возрасно водно бафало.

Во неговиот најопасен напад, наречен „смртоносно превртување“, крокодилот го грабнува животното и се превртува. Ова е со цел да го го исфрли животното од рамнотежа со што може полесно да го одвлечка во водата. Ова движење го употребува и да растргнува веќе мртви големи животни.

Иако морските крокодили се многу опасни животни, сепак нападите на луѓе не се толку чести. Повеќето напади од возрасен крокодил се фатални, со оглед на големината и силата на ова животно. Во Австралија, нападите се доста ретки. Има не повеќе од 1-2 пријавени напади годишно во земјата [18]. Ниското ниво на напади, најверојатно се должи на многубројните предупредувања поставени од властите во близина на речиси секое мочуриште, река, езеро, па дури и на некои плажи, како и добрата информираност на населението. Во абориџинската заедница од Арнхемленд, која зазема одприлика половина од северниот дел на Северната Територија, можно е да има повеќе непријавени напади од крокодили. Во останатите делови каде што морскиот крокодил е распространет и каде не се преземени безбедносни мерки како во Австралија, бројот на напади е и до неколку илјади годишно. Најголемиот број од овие „непријавени“ напади се во Нова Гвинеја каде има огромни популации од овој вид. Регистрирани се и напади во Борнео, Суматра и Мјанмар.

Интелигенција

уреди
 


Доктор Адам Бритон ја проучува интелигенцијата кај крокодиловидните животни. Тој тврди дека иако крокодилскиот мозок е доста помал од тој на цицачите (околу 0,05% од телесната тежина кај морскиот крокодил), овие животни се способни да учат тешки задачи. Тој укажува дека морските крокодили се паметни животни и дека најверојатно можат да учат многу побрзо од лабораториските глувци. Докажано е дека овие крокодили се способни да ја научат миграциската патека на нивниот плен за време на климатските промени.

Наводи

уреди
  1. Guggisberg, C.A.W. (1972). Crocodiles: Their Natural History, Folklore, and Conservation. стр. 195. ISBN 0715352725.
  2. http://www.flmnh.ufl.edu/cnhc/csp_cpor.htm
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 'Crocodylus porosus' (Schneider, 1801) Архивирано на 8 јануари 2006 г., by Adam Britton from the Crocodilian Species List.
  4. ADW: Crocodylus porosus: Information
  5. 5,0 5,1 5,2 Wood, The Guinness Book of Animal Facts and Feats. Sterling Pub Co Inc (1983), ISBN 978-0-85112-235-9
  6. 6,0 6,1 6,2 „Which is the largest species of crocodile?“. Архивирано од изворникот на 2009-06-18. Посетено на 2009-01-11.
  7. 7,0 7,1 Guinness: India Park Home to World's Largest Crocodile; 23 Feet
  8. 8,0 8,1 Seven-metre maneating crocodile shot dead, Daily Telegraph
  9. „World's Largest Reptile Found in India: Giant estuarine crocodile finds place in Guinness World Records“. Архивирано од изворникот на 2008-01-08. Посетено на 2009-01-11.
  10. NORMANTON - Home of largest Crocodile ever shot!
  11. „Krys the crocodile, Normanton, Queensland“. Архивирано од изворникот 2004-03-07. Посетено на 2004-03-07.
  12. <http://animals.nationalgeographic.com/animals/reptiles/saltwater-crocodile.html Архивирано на 25 јуни 2007 г.>
  13. Warm, fuzzy, weird, funny: The Museum(s) of Natural History spin some tall tales, Alvin Powell, Harvard Gazette
  14. Saltwater Crocodile Архивирано на 25 јуни 2007 г. at National Geographic
  15. No Bull: Saltwater Crocodile Eats Shark
  16. photograph of crocodile eating a shark
  17. „Mother's tug-of-war with child-eating crocodile“. Архивирано од изворникот на 2007-10-29. Посетено на 2021-08-13.
  18. „Crocodile Attack in Australia: An Analysis of Its Incidence and Review of the Pathology and Management of Crocodilian Attacks in General“. Архивирано од изворникот на 2006-04-05. Посетено на 2009-01-11.

Надворешни врски

уреди