Јапонско Море (јапонски: 日本海) — рабно море кое се наоѓа помеѓу азискиот брег и јапонските острови. Поврзано е со Охотското Море преку мореузите Татарски и Лаперуз, со Источнокинеското Море е поврзано преку Корејскиот Проток, а со Тихиот Океан преку - Сангарскиот проток.

Акваторијата на Јапонското Море
Карта на Јапонското Море

Во Кореја морето се нарекува „Источно Море“ поради проблемот што го имаат двете Кореи со поимот Јапонско Море.

Има површина од 1,062 млн. км2. Најголемата длабочина му е 3.742 м. Во зимските месеци му замрзнува северниот дел.

Главните пристаништа се: Владивосток, Находка, Ванино, Советскаја Гаван, Александровск-Сахалински, Холмск, Ниигата, Цуруга, Мајѕуру, Вонсан, Хиннам, Чхонџин.

Во XVIII век Европејците морето го нарекувале Татарско, бидејќи сметале дека таму живеат Татари.

Надворешни врски Уреди