Мориси

британски пејач
(Пренасочено од Морисеј)

Стивен Патрик Мориси (англ. Steven Patrick Morrissey; роден на 22 мај 1959 година), естрадно познат по мононимот Мориси ― англиски пејач и текстописец. Стекнал популарност како фронтмен на рок-групата The Smiths, која била активна од 1982 до 1987 година. Потоа продолжил со успешна соло-кариера.

Мориси
Morrissey at the premiere of the Alexander film in Dublin Ireland.
Мориси во 2005
Животописни податоци
Родено имеСтивен Патрик Мориси
Роден(а)22 мај 1959(1959-05-22)(65 г.)
Дејвихулм, Ланкашир, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • писател
Период на активност1976–денес
Издавачи
Мреж. местоmorrisseycentral.com

Како многу влијателна личност, Мориси се смета за клучна фигура во појавата на: инди-поп, инди-рок и бритпоп жанрот. Според анкета од 2006 година спроведена од Би-би-си, Мориси бил избран за втора најголема жива британска културна икона.[5] Неговите дела биле предмет на академски студии.[6][7] За време на неговата музичка кариера бил контроверзна личност поради неговите искрени и директно искажани ставови; бил поборник за вегетаријанство и за права на животните, а ги критикувал членовите на кралското семејство и истакнатите политичари.[8]

Живот и кариера

уреди

Детство, образование и почетоци на кариерата (1959–1981)

уреди

Стивен Патрик Мориси е роден на 22 мај 1959 година во Дејвихулм, предградие на Манчестер.[9] Неговите родители, Елизабет и Питер Мориси,[9] биле ирски католици [10] кои од од Даблин се преселиле во Манчестер една година пред неговото раѓање.[9] Во 1970 година, семејството се преселило во Стретфорд(гратче во Голем Манчестер).[9]

Во 1975 година се запишал на Техничкиот колеџ во Стретфорд, [9] каде што добил диплома по: англиска литература, социологија и општо образование. Односите меѓу неговите родители биле затегнати и тие се разделиле во декември 1976 година, при што неговиот татко се иселил од семејната куќа.

Мајка му била библиотекарка и го поттикнала интересот на Мориси за читање.[10] Тој се интересирал за феминистичка литература,[10] а особено му се допаднал ирскиот писател Оскар Вајлд, кој бил негов идол и кој ќе има силно влијание врз неговите подоцнежни дела.

Во 1970-тите, Мориси станал обожавател на глам-рок музиката и омилени му биле делата од англиските музичари како: Т. Рекс, Дејвид Боуви и Рокси Мјузик. Тој исто така бил обожавател на американските глам-рок музичари како: Sparks, Џобријат и New York Dolls. Преку интересот за New York Dolls, Мориси исто така станал фасциниран од поп-пејачките од 1960-тите,[11] како: Сенди Шо, Твинкл и Дасти Спрингфилд.[9]

 
На Мориси идол му бил американскиот глумец Џејмс Дин и објавил книга за него.

Откако го напуштил формалното образование, Мориси сменал неколку работни места. Голем дел од парите кои ги заработувал ги трошел на билети за концерти, при што бил на концертите од: Talking Heads, Ramones и Blondie.[9] Откако се запознал со гитаристот Били Дафи (ноември 1977), Мориси се согласил да стане пејач на неговата панк-група, Nosebleeds.[9] Групата набрзо се распаднала.[9]

По распаѓањето на Nosebleeds, Мориси и Дафи ѝ се придружиле на групата Slaughter & the Dogs. Мориси снимил четири песни со групата и тие биле на аудиција за договор за снимање во Лондон. Откако биле одбиени, Slaughter & the Dogs го смениле името во Studio Sweethearts, а Мориси ја напуштил групата.[12] Во 1981 година, станал близок пријател со Линдер Стерлинг, фронтменката на панк-џез ансамблот Ludus, а преку неа ги запознал Хауард Девото и Ричард Бун.[11]

Сакајќи да стане професионален писател,[10] Мориси размислувал за кариера во музичкото новинарство. Тој често пишувал писма до музичкиот печат и на крајот бил ангажиран од неделната публикација за музички прегледи Record Mirror.[11] Напишал неколку кратки книги за месната издавачка куќа Babylon Books: во 1981 година издал брошура од 24 страници што ја напишал за New York Dolls, која била продадена во 3000 примероци. Потоа ја напишал Џејмс Дин не е мртов, за починатиот американски глумец Џејмс Дин.[11] Мориси се вљубил во Дин и ја целата спална соба ја прекрил со негови слики.[10]

Тhe Smiths (1982–1987)

уреди

Во мај 1982 година, Џони Мар (со кого Мориси се запознал на концерт на Пети Смит во 1978 година) се појавил на прагот од куќата од Мориси и го прашал дали е заинтересиран да основаат група. Мар бил импресиониран од книгата што Мориси ја напишал за New York Dolls.[11] Следниот ден, Мориси му телефонирал на Мар за да ја потврди заинтересираноста за основање група со него.[11] Тие веднаш почнале да работат заедно. Мар ја компонирал музиката, а Мориси го пишувал текстот. Мориси го избрал името на групата „The Smiths“ и во интервју во 1984 година изјавил дека го избрал името „бидејќи е наједноставно име и сметав дека е време обичните луѓе во светот да си ги покажат лицата“.[11] Групата била комплетирана со приклучувањето на басистот Енди Рурк и тапанарот Мајк Џојс.

Откако дискографската куќа EMI Records ги одбила,[11] Мориси и Мар во 1983 година потпишале договор со независната издавачка куќа Rough Trade Records[11] и во февруари 1984 година го издале нивниот прв албум The Smiths. До 1987 година групата издала уште три студиски албуми, три компилациски албуми и многу неалбумски синглови.

Иако не биле многу популарни вон границите на Обединетото Кралство, денес критичарите ги сметаат The Smiths за најважна алтернативна рок-група која се појавила на британската незвисна музичка сцена во 1980-тите.

Во 1987 година групата го објавила вториот компилациски албум, The World Won't Listen.[13] И покрај ненамалената популарност, личните разлики во групата сосе сè позатегнатите односи меѓу Мориси и Мар, ја довеле групата на раб на распаѓање. Во јули 1987 година Мар ја напуштил групата, аудициите за негова замена не вродиле со плод и групата се распаднала.

Почетоци и популарност како соло-музичар (1988–1995)

уреди

По распаѓањето на групата Смитс (септември 1987 година), Мориси почнал да работи на неговиот прв соло-албум, Viva Hate.[9] Во февруари 1988 година, ЕМИ го издала првиот сингл од овој албум, „Suedehead“, кој се искачил на 5-то место на британската топ-листа за синглови, повисоко од кој било сингл од Смитс.[9] Албумот бил издаден во март 1988 година и стигнал до врвот на топ-листата за албуми во Велика Британија.[9]

По објавувањето на Viva Hate, Мориси го сменил неговиот метод на објавување музика. Наместо веднаш да продуцира следен албум, тој решил да издаде низа неалбумски синглови со надеж дека така ќе постигне поголем успех на пазарот. Така, тој во 1989 година ги објавил сингловите: „The Last of the Famous International Playboys", „Interesting Drug" и „Ouija Board, Ouija Board". Мориси ја отфрлил идејата за нов студиски албум и решил да издаде компилација од синглови и Б-страни. Неговиот втор соло-албум, Bona Drag, бил објавен на 15 октомври 1990 година и ги содржел сите соло синглови на Мориси до тој момент. Два сингла („Suedehead“ и „Everyday Is Like Sunday“) биле преземени од неговиот прв-соло албум. Албумот бил исто така значаен и по тоа што за прв пат песни од Мориси се пласирале на топ-листите во САД, ја лансирал кариерата на Мориси во САД и бил пресвртна точка во неговата кариера; почнал да ја губи популарноста во Обединетото Кралство, но постигнувал сè поголем успех во Америка.

Во март 1991 година, Мориси го издал неговиот втор соло-албум, Kill Uncle. Мориси ја започнал неговата светска турнеја Kill Uncle во Европа; на американскиот дел од турнејата тој ги распродал 18 000 билети во Лос Анџелес за петнаесет минути, побрзо од Мајкл Џексон или Мадона.[9] Во САД, тој распродал 25 од неговите 26 други концерти.[9] Бил и во Јапонија - каде бил фрустриран од строгиот став на властите кон обожавателите - а потоа и во Австралија, каде што откажал неколку концерти поради акутен синузитис.[9]

Во јули 1992 година, Мориси го издал албумот Your Arsenal, кој се искачил на второ место на топ-листата за албуми.[9] Албумот Vauxhall and I, издаден во 1994 година, се карактеризирал со меланхоличен тон и повторно се искачил на врвот на британските топ-листи. Овој албум се смета за најдобар негов соло-албум. Во август 1994 година, песната Interlude, во дует со Сузи Су (Siouxsie Sioux), станала хит.

Преселба во Лос Анџелес (1995–2003)

уреди

Откако му истекол договорот со ЕМИ, Мориси потпишал со RCA.[9] Со оваа издавачка куќа го објавил неговиот следен албум, Southpaw Grammar (август 1995 година).[9] Мориси се вратил во Island Records во 1997 година и во јули го објавил го синглот „Alma Matters“, а во август неговиот албум Maladjusted.[9] Во 1998 година повторно останал без договор за снимање со издавачка куќа.


Мориси ја напуштил Британија и купил куќа во Линколн Хајтс, Лос Анџелес. Во текот на следните неколку години тој ретко се враќал во Британија.[9] Во 2003 година бил емитуван документарен филм за Мориси под наслов „Важно е да се биде Мориси“; тоа било прво големо интервју на Мориси што се појавило на британска телевизија.[9][14] За време на интервјуто рекол дека работи на автобиографија[9] и ги критикувал реалните телевизиски музички емисии како Поп идол кои тогаш биле во зародиш.[9]

Повторна популарност (2004–2009)

уреди

Во 2003 година, Мориси потпишал со Sanctuary Records,[9][15] со кои во мај 2004 година го издал албумот You Are the Quarry.[9] Албумот се искачил на второ место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и на 11-то место на топ-листата во САД. [16] Промовирајќи го албумот се појавил на Top of the Pops[9] и го дал неговото прво телевизиско интервју по 17 години.[9]

 
Мориси на настап во 2006 година

Осмиот студиски албум на Мориси, Rngleader of the Tormentors, бил снимен во Рим и издаден во април 2006 година. Дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија и на 27-мо место во САД.[17] [18]

 
Мориси на фестивалот SXSW во 2006 година

Во декември 2007 година, Мориси потпишал нов договор со Decca Records, чии клаузули содржеле издавање на албум со најголеми хитови и нов студиски албум.[19] Greatest Hits се искачил на петто место на топ-листата за албуми во Велика Британија.[17] Неговиот деветти студиски албум, Years Of Refusal, бил издаден на 16 февруари 2009 година.

Во октомври 2009 година, бил објавен Swords, колекција од Б-страни објавени од 2004 до 2009 година.[20] На вториот концерт од турнејата во Обединетото Кралство за промовирање на Swords, Мориси колабирал на сцената во Свиндон,[21] и бил хоспитализиран. [22] По турнејата на Swords, Мориси ја исполнил својата договорна обврска кон Universal Records и останал без издавачка куќа.[23]

Следни албуми и книжевни дела (2010–2019)

уреди

Во април 2011 година, ЕМИ издала нова компилација, „Very Best of Morrissey“.[24] Турнејата на Мориси во 2012 година започнала во Јужна Америка и продолжила низ Азија и Северна Америка. Мориси имал концерти во Белгија, Италија, Грција, Турција, Израел, Португалија, Англија и Шкотска. Пети Смит и нејзината група биле специјални гости на концертот во Стејплс Центар во Лос Анџелес, а Кристин Јанг ги отворала сите концерти во САД.[25]

 
Мориси за време на неговиот настап на фестивалот Хоп Фарм 2011 година

Во јануари 2013 година, на Мориси му бил дијагностициран чир со крварење и неколку концерти биле презакажани.[26] На 7 март, Мориси бил повторно хоспитализиран, овој пат поради пневмонија на двете белодробни крила.[27] Една недела подоцна бил откажан остатокот од турнејата.[28]

Во октомври 2013 година, била објавена автобиографијата на Мориси, насловена како Автобиографија.[29] Објавувањето на книгата предизвикало контроверзии бидејќи на барање на Мориси била објавена од издавачката куќа Penguin Classics како „современа класика“ (нешто што многу ретко му се припишува на жив автор), при што некои критичари сметале дека ја девалвира издавачката куќа Penguin Classics.[30] [31] Мориси ја комплетирал книгата од 660 страници во 2011 година.[32] Книгата добила мешани критики: „Дејли телеграф“ ѝ дал рецензија од пет ѕвезди ја опишал како „најдобра напишана музичка автобиографија по <i>Хроники</i> од Боб Дилан “, а „Индипендент“ го критикувал „нарцизмот“ во книгата, како и нејзиниот статус како класика од Пингвин.[33] Книгата се искачила на прво место на британските топ-листи за бестселери; скоро 35 000 примероци биле продадени во првата недела.[34]

Во јануари 2014 година, Мориси потпиша договор за два албума со Сapitol Music.[35] Во јули го објавил албумот World Peace Is None of Your Business.[36] Во октомври, открил дека примил третман за Баретов рак на хранопроводникот . [37] [38]

 
Мориси настапува во Ројал Алберт Хол во март 2018 година

Во септември 2015 година, Penguin Books го објавил првиот роман од Мориси, Листа на изгубени.[39][40]

Во ноември 2017 година, преку BMG и неговата издавачка куќа Etienne, Мориси го издал албумот Low in High School.[41]

Два нови албума и необјавен албум (2020 – денес)

уреди
 
Мориси на настап во 2023 година

Мориси, кон крајот на март 2020 година, го издал албумот I Am Not a Dog on a Chain.[42] Во ноември 2020 година, договорот на Мориси со BMG истече и не бил обновен.[43]

На 29 октомври 2022 година, било објавено дека во февруари 2023 година Мориси ќе го издаде неговиот четиринаесетти соло-албум Bonfire of Teenagers.[44] Албумот со единаесет песни бил продуцирани од Ендрју Ват, а гостувале членовите од Ред Хот Чили Пеперс, Чед Смит и Фли. Меѓу гостите биле и Мајли Сајрус и Иги Поп кои пееле придружни вокали.[45]

На 8 декември 2022 година, Мориси објавил дека во јануари и февруари 2023 година ќе снима нов албум под наслов Without Music the World Dies.[46] На 20 февруари 2023 година, тој објавил дека албумот е завршен и ја открил листата на песни.[47]

Во 2024 година, „Interlude“, дуетот на Мориси со Сузи Су, бил повторно објавен на 12-инчен златен винил на 20 април 2024 година; бил достапен само во Обединетото Кралство и во (континентална) Европа.[48]

Личен живот

уреди

Во текот на неговата кариера, Мориси напорно се трудел да има приватен личен живот.[9] Долги години живее во Лос Анџелес, но исто така има куќи во Италија, Швајцарија и Велика Британија.[49] Во 2017 година, Лос Анџелес го прогласил 10 ноември за „Ден на Мориси“.[50]

Мориси се опишал себеси како поранешен католик [51] и ја критикувал Католичката црква.[9] Во 1991 година, рекол дека верува во задгробен живот.[9] Мориси е братучед на ирскиот фудбалер Роби Кин.[52][53] Љубител е и на бокс.[9] Мориси рекол дека има клиничка депресија поради што побарал професионална помош.[9]

Мориси како гласен застапник за благосостојбата и правата на животните,[51] станал вегетаријанец на 11-годишна возраст.[54] Тој вегетаријанството го објаснил со зборовите „ако сакаш животни нема смисла да ги повредуваш“.[55] Во 2015 година објавил дека е веган. Мориси е поддржувач на Луѓе за етички третман на животните (PETA).

Сексуална ориентација

уреди

Сексуалната ориентација на Мориси била предмет на многу шпекулации во британскиот печат за време на неговата кариера,[9] со тврдења дека бил целибат, фрустриран хетеросексуалец или бисексуалец. [51] Во писмо од 1980 година тој за себе и за неговата „девојка“ рекол дека се бисексуалци, но додал дека „мрази секс“.

Во 1997 година, Мориси изјавил дека го напуштил целибатот и дека е во врска со боксер.[10] Во неговата автобиографија било откриено дека се работи за Џејк Волтерс. Нивната врска започнала во 1994 година, а заедно живееле до 1996 година.[56] Мориси подоцна бил приврзан за Тина Дехгани.[56] [57] Во својата автобиографија Мориси ја спомнува и врската со помлад Италијанец, познат само како „Џелато“, со кого се обидел да купи куќа околу 2006 година.[58] [59]

Во едно интервју од 2015 година, Мориси изјавил: „Воопшто не се вклопувам во ниту една сексуална категорија, сметам дека луѓето не се сексуални, туку се интимни“.[60]

Дискографија

уреди

The Smiths

уреди
  • The Smiths (1984)
  • Meat Is Murder (1985)
  • The Queen Is Dead (1986)
  • Strangeways, Here We Come (1987)

Соло-пејач

уреди
  • Viva Hate (1988)
  • Kill Uncle (1991)
  • Your Arsenal (1992)
  • Vauxhall and I (1994)
  • Southpaw Grammar (1995)
  • Maladjusted (1997)
  • You Are the Quarry (2004)
  • Ringleader of the Tormentors (2006)
  • Years of Refusal (2009)
  • World Peace Is None of Your Business (2014)
  • Low in High School (2017)
  • California Son (2019)
  • I Am Not a Dog on a Chain (2020)
  • Without Music the World Dies (TBA)
  • Bonfire of Teenagers (необјавен)

Книжевни дела

уреди
  • The New York Dolls. од Стивен Патрик Мориси
    • Манчестер: Babylon, 1981.
    • Реиздание. Манчестер: Babylon, 1995. ISBN 978-0-907188-50-6
  • Џејмс Дин не е мртов, Манчестер: Babylon, 1983. ISBN 978-0-907188-06-3. Од Стивен Патрик Мориси
  • Exit Smiling, Манчестер: Babylon, 1998. ISBN 978-0-907188-47-6. Издание од 1000 примероци. Од Стивен Патрик Мориси
  • Автобиографија, Мориси (2013). Лондон: Penguin Classic. ISBN 978-0-14-139481-7
  • Листа од изгубените. Лондон: Penguin, 2015. ISBN 978-0-14-198296-0.

Наводи

уреди
  1. Huey, Steve. „Morrissey“. AllMusic. Посетено на 3 January 2016.
  2. Hughes, Josiah (3 January 2014). „Morrissey Working on New Album and Novel“. Exclaim!. Посетено на 3 January 2016.
  3. Timberg, Scott (14 April 2009). „Morrissey and The Smiths' influence is apparent“. Los Angeles Times. Посетено на 3 January 2016.
  4. Erlewine, Stephen Thomas. „Morrissey—Your Arsenal“. AllMusic. Посетено на 3 January 2016.
  5. „Morrissey is second most iconic Brit“. Manchester Evening News. 15 February 2007. Посетено на 25 May 2020.
  6. Benedictus, Leo (30 March 2005). „Morrissey: a suitable subject for academia“. The Guardian. Посетено на 19 June 2020.
  7. „Morrissey's lyrics are up there with Wilde and Larkin, claims academic“. The Scotsman. 21 May 2009. Посетено на 19 June 2020.
  8. Jonze, Tim (30 May 2019). „Bigmouth strikes again and again: why Morrissey fans feel so betrayed“. The Guardian. Посетено на 21 July 2020.
  9. 9,00 9,01 9,02 9,03 9,04 9,05 9,06 9,07 9,08 9,09 9,10 9,11 9,12 9,13 9,14 9,15 9,16 9,17 9,18 9,19 9,20 9,21 9,22 9,23 9,24 9,25 9,26 9,27 9,28 9,29 9,30 9,31 9,32 Bret 2004.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Simpson 2004.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 11,7 11,8 Goddard 2006.
  12. Rogan, Johnny (1993). Morrissey & Marr: The Severed Alliance. Omnibus Press. ISBN 0-7119-3000-7.
  13. Roberts, David, уред. (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). HIT Entertainment. стр. 509–510. ISBN 1-904994-10-5.
  14. "The Importance of Being Morrissey" (documentary aired on Channel 4, June 8, 2003)—reports“. Morrissey-solo. Посетено на 13 August 2010.
  15. Vasagar, Jeevan (7 June 2003). „Misfit Morrissey finds new niche by signing with reggae label“. The Guardian. London. Посетено на 30 November 2007.
  16. Roberts, David, уред. (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). HIT Entertainment. стр. 379–380. ISBN 1-904994-10-5.
  17. 17,0 17,1 „Morrissey“. Official Charts Company. Посетено на 18 November 2008.
  18. Празен навод (help)
  19. „Morrissey switches record labels“. BBC News. 3 December 2007. Посетено на 13 May 2010.
  20. „Swords: Album released today in the UK“. True To You. 26 October 2009. Архивирано од изворникот на 5 August 2010. Посетено на 13 August 2010.
  21. James Orr (24 October 2009). „Morrissey in hospital after on stage collapse“. The Guardian. London. Посетено на 13 August 2010.
  22. Alexandra Topping (25 October 2009). „Morrissey out of hospital after collapsing on stage in Swindon“. The Guardian. London. Посетено на 13 August 2010.
  23. „Record company information“. True To You. 4 November 2009. Архивирано од изворникот на 5 August 2010. Посетено на 13 August 2010.
  24. "The Very Best of Morrissey" with Bonus DVD; "Glamorous Glue" single with previously unreleased songs—true-to-you.net (25 Apr.)“. Morrissey-Solo.com. 22 February 2011. Посетено на 7 March 2011.
  25. „Morrissey announces rescheduled tour dates including additional cities“. Morrissey-solo.com. 11 November 2012. Посетено на 20 November 2012.
  26. „Morrissey recovering from bleeding ulcer“. Архивирано од изворникот на 12 February 2013. Посетено на 14 February 2013.
  27. „U.S. tour 10 March 2013“. Truetoyou. 10 March 2013. Архивирано од изворникот на 18 March 2013. Посетено на 22 March 2013.
  28. „U.S. tour 16 March 2013“. Truetoyou. 16 March 2013. Архивирано од изворникот на 19 March 2013. Посетено на 22 March 2013.
  29. „Morrissey autobiography pulled at last minute following 'content disagreement'. NME. 13 September 2013. Посетено на 16 September 2013.
  30. Sandle, Paul (16 October 2013). „Morrissey's 'Autobiography' a classic before it's even been read“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2024-07-17.
  31. Sherwin, Adam (22 April 2011). „Smiths bidding war hinges on 'classic' status“. The Independent. London. Посетено на 29 December 2011.
  32. Flood, Alison (2 February 2010). „Faber editor bids to woo Morrissey to 'the House of Eliot'. The Guardian. London. Посетено на 29 December 2011.
  33. „Autobiography by Morrissey—Droning narcissism and the whine of self-pity“. The Independent. London. 17 October 2013. Посетено на 17 October 2013.
  34. Bury, Liz. „Morrissey Autobiography breaks first-week sales records“. The Guardian. London. Посетено на 10 November 2013.
  35. „Morrissey has signed a two-album deal with Capitol Music“. Архивирано од изворникот на 12 October 2014. Посетено на 19 September 2014.
  36. „Morrissey Shares Nancy Sinatra-Featuring Video for "World Peace Is None of Your Business". Pitchfork. 12 May 2014. Посетено на 4 June 2014.
  37. „Morrissey 'reveals cancer treatment'. BBC. 7 October 2014. Архивирано од изворникот на 11 October 2014. Посетено на 7 October 2014.
  38. Nadia Khomami (19 August 2015). „Morrissey speaks to Larry King about cancer, depression and Barack Obama“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 23 August 2015. Посетено на 8 January 2016.
  39. Camp, Zoe (26 August 2015). „Morrissey Reveals Novel List of the Lost Cover and Release Date“. Pitchfork. Посетено на 26 August 2015.
  40. Празен навод (help)
  41. Празен навод (help)
  42. „Morrissey announces new album 'I Am Not a Dog on a Chain'. United Press International (англиски). Посетено на 10 January 2020.
  43. Grow, Kory (17 November 2020). „Morrissey Is Splitting From His Record Label With 'Galvanic Horror'. Rolling Stone (англиски). Посетено на 25 November 2020.
  44. Richards, Will (30 October 2022). „Morrissey's new album 'Bonfire Of Teenagers' to feature Miley Cyrus, Iggy Pop, Flea and more“. NME (англиски). Посетено на 10 November 2022.
  45. Young, Alex (30 October 2022). „Morrissey announces new album Bonfire of Teenagers, and it's loaded with A-list adults“. Consequence (англиски). Посетено на 10 November 2022.
  46. „Morrissey 2023“. 8 December 2022. Посетено на 15 December 2022.
  47. Richards, Will (21 February 2023). „Morrissey has recorded a new album called 'Without Music The World Dies'. NME (англиски). Посетено на 21 February 2023.
  48. "Interlude" RSD 1994- UK“. Recordstoreday.co.uk. Архивирано од изворникот на 2024-04-20. Посетено на 3 March 2024.

    "Interlude" Reissue 2024“. disquaireday.fr. Архивирано од изворникот на 2024-03-03. Посетено на 3 March 2024.

    „Record Store Day Germany 2024 - Releases“. Recordstoredaygermany.de. Посетено на 3 March 2024.
  49. Simon Armitage (3 September 2010). „Morrissey interview: Big mouth strikes again“. The Guardian. London. Посетено на 17 February 2013.
  50. Lewis, Randy (9 November 2017). „L.A. declares Friday 'Morrissey Day' timed to singer's Hollywood Bowl shows“. Los Angeles Times.
  51. 51,0 51,1 51,2 Woods 2007.
  52. Byrne, Luke (22 February 2013). „Heaven knows I'm happy now, says Robbie's cousin Morrissey“. Irish Independent. Посетено на 22 February 2013.
  53. „Robbie Keane: Profile“. ESPN. Посетено на 19 October 2013.
  54. „Morrissey Interview“. Peta2.com. 21 July 2011. Посетено на 10 November 2013.
  55. Tennis, Cary (21 October 2002). "Cut class, not frogs"—“. Salon.com. Посетено на 13 August 2010.
  56. 56,0 56,1 „Morrissey opens up in autobiography“. BBC News. 17 October 2013. Посетено на 17 October 2013.
  57. Wyatt, Daisy (17 October 2013). „Morrissey autobiography: Singer had first relationship at 35 with male photographer“. The Independent. London. Посетено на 18 October 2013.
  58. Harris, John (17 October 2013). „Morrissey's Autobiography is nearly a triumph, but ends up mired in moaning“. The Guardian. Посетено на 10 November 2013.
  59. Autobiography. Penguin Classics. 2013. ISBN 978-0-14-139481-7.
  60. „Morrissey Talks Sex, Stalkers And The Smiths In Classic NME Interview“. NME. 20 July 2015.

Надворешни врски

уреди