Мина Виткојц
Мина Виткојц (долнолужички Mina Witkojc) е родена на (28 мај 1893 во Боркови и умира на 11 ноември 1975 во Попојце. Била долнолужичка поетеса, новинарка и патриотка.
Мина Виткојц е најславна писателка која пишувала на долнолужички јазик. Од 1899 до 1907, Мина Виткојц учела во основното училиште во Боркови. Од 1908 живеела и работела во Берлин. Од 1921 се сретнала со група чешки и горнолужички туристи во Блатата. Тоа среќавање ја поттикнало да се декларира Лужичанка и да работи за доброто на лужичанството. Во 1933 година германските власти и забраниле да пишува, а во 1941 година добила забрана за живеење во округот Дрезден, а 1942 и во округот Франкфурт на Одра. Со тоа била принудена да ја напушти Лужица и се преселува во Ерфурт. Во 1945 година ја напишала големата песна Ерфуртски сеќавања. Од 1947 година до 1954 година живеела во Прага. Во 1954 година се вратила во Боркови. Таму работела како авторка на весникот Нови Цасник и долнолужички книги. Мина Виткојц починала во Попојскиот старечки дом.