Светлосна година
Светлосна година или светлинска година (симб. сг, меѓун. ly) — мерна единица за растојание (оддалеченост) во астрономијата, еднаква на околу 10 билиони километри.[б 1] По дефиницијата на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU), една светлосна година е растојанието што светлината ќе го помине во вакуум за една јулијанска година.[1]
Светлосна година | |
---|---|
Мерен систем | астрономски единици |
Единица за | должина |
Ознака | сг, ly |
Претворање на единици | |
1 светлосна година во ... | ... е еднакво на ... |
SI | 9,4607⋅1015 м |
други астрономски | 6,3241⋅104 ае |
единици | 0,3066 пс |
Оваа единица најчесто се користи за изразување на оддалеченоста на ѕвезди и други објекти во галактички размер, особено во нестручната и популарнонаучна литература. Стручњаците од полето на астрометријата обично ја користат единицата парсек (симбол: пс или pc), која е приближно еднаква на 3,26 светлосни години и претставува растојанието на кое една астрономска единица зафаќа агол од една лачна секунда).[1]
Дефиниции
уредиПочнувајќи од 1984 г. Меѓународниот астрономски сојуз ја дефинира светлосната година како производ од јулијанската година[б 2] (365,25 дена наспроти 365,2425 дена кај грегоријанска година) и брзината на светлината (299792458 м/с).[б 3] Оттука ги добиваме следниве претворања:
1 светлосна година = 9460730472580800 метри (точно) ≈ 63241,077 астрономски единици ≈ 0,306601 парсеци
Растојанија во светлосни години
уредиВо светлосни години се изразуваат растојанијата помеѓу блиски ѕвезди, како оние во ист спирален крак или збиено јато. Оддалеченоста на објектите во различни делови од една галаксија изразуваат во илјади светлосни години (исг, или килосветлосни години (ксг). Растојанијата меѓу соседни галаксии и галактички јата се изразуваат во милиони светлосни години (мегасветлосни години, мсг). Растојанието до супергалактички структури како што се квазарите и Слоунскиот Голем Ѕид се изразуваат во милијарди светлосни години (гигасветлосни години, гсг).
Размер (сг) | Вредност | Објект |
---|---|---|
10−9 | 40,4⋅10-9 ly | На одбиената сончева светлина од површината на Месечината ѝ требаат 1,2–1,3 секунди за да дојде до површината на Земјата (да пропатува околу 350000 - 400000 километри). |
10−6 | 15,8⋅10-6 ly | Една астрономска единица (растојанието од Земјата до Сонцето). На светлината ѝ требаат 499 секунди (8,32 минути) за да го помине ова растојание.[3] |
127⋅10-6 ly | Сондата „Хајгенс“ испраќа слики од Сатурновата месечина Титан на оддалеченост од 1,2 милијарди колометри од Земјата. | |
10−3 | 1,95⋅10-3 ly | Најодделечената сонда е „Војаџер 1“, која била на растојание од 17 светлосни часови од земјата на крајот од 2012 г. За да достигне една светлосна година (1,0⋅100 ly) ќе ѝ требаат уште 17500 години при сегашната брзина од 17 км/с (61200 км/ч) во однос на Сонцето.[4] Во 2013 г. „Војаџер 1“ влегол во меѓуѕвездената средина, со што станал првиот вештачки објект вон Сончевиот Систем |
100 | 1,6⋅100 ly | Ортовиот Облак има пречник од околу 2 светлосни години. Се претпоставува дека внатрешната граница почнува од 50000 ае, а надворешната од 100000 ае. |
2,0⋅100 ly | Максималниот досег на гравитациската превласт на Сонцето (Хилова сфера/Рошова сфера, 125000 ае). Вон досегот почнува длабоката вонсончева гравитациска меѓуѕвездена средина. | |
4,22⋅100 ly | Најблиската позната ѕвезда (освен Сонцето), Проксима Кентаур, е оддалечена 4,22 светлосни години.[5][6] | |
8,60⋅100 ly | Сириус, најсјајната ѕвезда на нашето небо. Двапати помасивна и 25 пати посјајна од Сонцето. Свети посилно од други ѕвезди (кои се всушност посјајни) поради релативната близина. | |
11,90⋅100 ly | HD 10700 e — вонсончева планета на која може да има животт. Има маса 6 пати поголема од Земјата и се наоѓа во средината на подрачјето погодно за живот околу ѕвездата Тау Кит.[7][8] | |
20,5⋅100 ly | Глизе 581 — црвено џуџе со неколку воочливи вонсончеви планети. | |
310⋅100 ly | Канопус — втора најсјајна ѕвезда на нашето небо. Претставува суперџин од типот F, 15000 посјаен од Сонцето. | |
103 | 26⋅103 ly | Средиштето на нашата галаксија, наречена Млечен Пат или Кумова Слама, е оддалечен околу 26 килосветлосни години.[9] |
100⋅103 ly | Млечниот Пат има пречник од околу 100000 светлосни години. | |
165⋅103 ly | R136a1 во Големиот Магеланов Облак — најсјајната позната ѕвезда со сјајност 8,7 милиони пати поголема од Сончевата. Има привидна величина од 12,77, малку посјајна од 3C 273. | |
106 | 2,5⋅106 ly | Галаксијата Андромеда (Гумно) е оддалечена околу 2,5 мегасветлосни години. |
3⋅106 ly | Галаксијата Триаголник (M33) е оддалечена околу 3 мегасветлосни години, и со тоа е најдалечниот објект видлив со голо око. | |
59⋅106 ly | Најблиското поголемо галактичко јато, Девица, е оддалечено околу 59 мегасветлосни години. | |
150⋅106 – 250⋅106 ly | Големиот Привлекувач (Голем Атрактор) е оддалечен некаде од 150 до 250 мегасветлосни години (второспоменатата проценка е најнова). | |
109 | 1,2⋅109 ly | Слоунскиот Голем Ѕид (не е истиот што и Големиот Ѕид (CfA2) и Големиот ѕид Херкул-Јужна Круна) е оддалечен околу една гигасветлосна година. |
2,4⋅109 ly | 3C 273 — оптички најсјајниот квазар, има привидна величина од 12.9, малку поблед од R136a1. | |
45,7⋅109 ly | Сопатното растојание од Земјата до работ на метагалаксијата (видливата вселена) изнесува околу 45,7 гигасветлосни години во секој правец; ова е нејзиниот сопатенполупречник. Ова е поголемо од староста на вселената што ја налага космичкото позадинско зрачење. Ова е можно поради ширењето на вселената, согласно Хабловиот закон. |
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Билионот тука се зема како 1012 (милион милиони) според долгата скала што се користи во Македонија. Во англојазичните земји, ова би било „трилион“.
- ↑ Една јулијанска година има точно 365,25 дена (или 31557600 секунди согласно дел определен со точно 86400 секунди според SI)[2]
- ↑ Брзината на светлината изнесува точно 299792458 м/с по дефиницијата на метарот.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 International Astronomical Union, Measuring the Universe: The IAU and Astronomical Units http://www.iau.org/public/themes/measuring/, Посетено на November 10 2013 Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ IAU Recommendations concerning Units, Архивирано од изворникот на 2007-02-16, Посетено на 2014-09-22
- ↑ IERS Conventions (2003), Chapter 1, Table 1-1, Архивирано од изворникот на 2014-04-19, Посетено на 2014-09-22
- ↑ Voyager Mission Operations Status Report # 2011-02-04, Week Ending February 4, 2011
- ↑ НАСА, Cosmic Distance Scales - The Nearest Star
- ↑ Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight, Proxima Centauri (Gliese 551)
- ↑ BBC News 19 December 2012 Tau Ceti's planets nearest around single, Sun-like star
- ↑ "Signals embedded in the radial velocity noise — Periodic variations in the τ Ceti velocities" M. Tuomi, H. R. A. Jones, J. S. Jenkins, C. G. Tinney, R. P. Butler, S. S. Vogt, J. R. Barnes, R. A. Wittenmyer, S. O’Toole, J. Horner, J. Bailey, B. D. Carter, D. J. Wright, G. S. Salter, and D. Pinfield of various of University of Hertfordshire, Centre for Astrophysics Research, Science and Technology Research Institute, College Lane, AL10 9AB, Hatfield, UK University of Turku, Tuorla Observatory, Department of Physics and Astronomy, V¨ais¨al¨antie 20, FI-21500, Piikki¨o, Finland Departamento de Astronomıa, Universidad de Chile, Camino del Observatorio 1515, Las Condes, Santiago, Chile; School of Physics, University of New South Wales, 2052, Sydney, Australia, Australian Centre for Astrobiology (ibid) Department of Terrestrial Magnetism, Carnegie Institution of Washington, Washington, DC 20015, USA; UCO Lick Observatory, Department of Astronomy and Astrophysics, University of California at Santa Cruz, Santa Cruz, CA 95064, December 14, 2012]
- ↑ Eisenhauer, F.; Schdel, R.; Genzel, R.; Ott, T.; Tecza, M.; Abuter, R.; Eckart, A.; Alexander, T. (2003), „A Geometric Determination of the Distance to the Galactic Center“, The Astrophysical Journal, 597 (2): L121, arXiv:astro-ph/0306220, Bibcode:2003ApJ...597L.121E, doi:10.1086/380188