Производ (математика)
Во математиката, производ е резултат од операцијата множење.[1] Редоследот на множење на реалните и комплексните броеви не влијае врз производот. Ова својство се нарекува комутативност. Кога множиме матрици и членови на разни други асоцијативни алгебри, производот обично зависи од редоследот на множениците, т.е. местата не им се заменливи и затоа за нив не важи комутативниот закон.
|
Производниот оператор при множењето на низа се означува со големата грчка буква пи ∏ (аналогно на големата сигма ∑ како симбол за збир).
Знакот пред производот (плус или минус) зависи од знакот на множителот и множеникот. Кога двата броја имаат ист знак (+ или -), производот секогаш е позитивен, но кога имаат различни знаци, производот секогаш е негативен.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Андреевски, Венцислав П. (2007). „3.2.3. Множење“. Прирачник за математички поими и формули. Скопје: Винсент графика. стр. 56. ISBN 978-9989-2474-4-6.