Мечкина шепа (билка)

вид растение

Мечкина шепа (латински: Heracleum sphondylium) — вид зелјеста повеќегодишна билка од родот свински коров (Heracleum) од семејството штитоцветни (Apiaceae). Таа е ретка билка, претежно успева во планинските предели. Името го добила според обликот на лисјата, кои потсетуваат на шепи од мечка. Како џбунеста коровска билка успева и на влажни ливади, покрај потоци, патишта, покрај рабови на шуми. Исклучително е делотворна. Лисјата мирисаат слично на целерот или морковот, и одлични се за зачин за салати и супи.[1]

Мечкина шепа (билка)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Семејство: Целери
Род: Свински коров
Вид: Мечкина шепа (билка)
Научен назив
Heracleum sphondylium
L.
Синоними

Својства и состав

уреди
 
Ботаничка илустрација на мечкината шепа


Билката содржи аргинин, глутамин, галактен, арабен, холин, стерол, кумарински хетерозиди, масти, белковини, јаглени хидрати, витамин Ц и каротин. Калоричната вредност ѝ е само 50 калории. Оголените лисни дршки можат во вид туршија да се ставаат и во зимници. Стебленцето е шупливо, може да нарасте до 1 метар во висина, има горчлив вкус и мирис сличен на морков и целер. Плодовите се слични на ким, малку се поголеми. Содржат многу етерично масло и се користат како зачин во јадења, супи, во леб и пецива. За јадење се користи и коренот, кој е богат со скроб и шеќер, а се става во супи и варива.[1][2][3]

Цвета во јунијули; Плодна е во јулиавгуст.

Како народен лек се препорачува против пролив проследен со грчеви и кај стомачно-цревни непријатности. Облоги со иситнети лисја и корен се ставаат на чиреви на кожата и на места каснати од инсекти. Коренот се препорачува и за лекување на епилепсија.[4]

Распространетост и екологија

уреди

Во Европа (освен самиот север), делови на Западна Азија и Северна Африка. Живее во ливади, покрај рабовите на темнозимзелени и широколисни шуми, во шумски чистини, во близина на патишта, на кошулици во среднопланинските и горните планински зони.[5]

Чаеви

уреди

Епилепсија

уреди

Потопете 12 лажици иситнет корен од мечкина шепа во 4 дл. Млака вода и оставете ги да отстојат осум часа. Потоа процедете го и пијте го во мали голтки во текот на денот.

Импотенција

уреди

Една супена лажица од растението се прелева со 2 дл врела вода. Се остава да отстои 30 минути, се поцедува и се пие незасладен во текот на денот.

За подобро варење

уреди

Една супена лажица се прелива со 2,5 дл врела вода и се остава чајот да отстои пет минути. Потоа се процедува и се пие двапати дневно по еден филџан, по оброк.

Подвидови

уреди
  1. Heracleum sphondylium var. akasimontanum (Koidz.) H. Ohba
  2. Heracleum sphondylium subsp. algeriense (Coss. ex Batt. & Trab.) Dobignard
  3. Heracleum sphondylium subsp. alpinum (L.) Bonnier & Layens
  4. Heracleum sphondylium subsp. aurasiacum (Maire) Dobignard
  5. Heracleum sphondylium subsp. embergeri Maire
  6. Heracleum sphondylium subsp. granatense (Boiss.) Briq.
  7. Heracleum sphondylium var. lanatum (Michx.) Dorn
  8. Heracleum sphondylium subsp. montanum (Schleich. ex Gaudin) Briq.
  9. Heracleum sphondylium var. nipponicum (Kitag.) H. Ohba
  10. Heracleum sphondylium subsp. orsinii (Guss.) H.Neumayer
  11. Heracleum sphondylium subsp. pyrenaicum (Lam.) Bonnier & Layens
  12. Heracleum sphondylium subsp. sibiricum (L.) Simonk.
  13. Heracleum sphondylium subsp. suaveolens (Litard. & Maire) Dobignard
  14. Heracleum sphondylium subsp. ternatum (Velen.) Brummitt
  15. Heracleum sphondylium subsp. transsilvanicum (Schur) Brummitt
  16. Heracleum sphondylium subsp. trifoliolatum (Blanch.) Kerguélen
  17. Heracleum sphondylium var. tsaurugisanense (Honda) H. Ohba
  18. Heracleum sphondylium subsp. verticillatum (Pančić) Brummitt

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Никаљевиќ, Зоран (2022-05-12). „Мечкина шепа“. Советите на дедо Зоран. Посетено на 2024-10-29.
  2. Stace, C. A. (2019). New Flora of the British Isles (Fourth. изд.). Middlewood Green, Suffolk, U.K.: C & M Floristics. стр. 864. ISBN 978-1-5272-2630-2.
  3. Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. ISBN 0-340-40170-2
  4. „Мечкина шепа (својства)“. Посетено на 2024-10-29.
  5. Сацыперова И. Ф. Борщевики флоры СССР — новые кормовые растения : перспективы использования в народном хозяйстве / отв. ред. Ал. А. Федоров, Н. Н. Цвелёв. — Л. : Наука, 1984. — 224 с. — 1000 экз. (руски)

Надворешни врски

уреди