Мери Младеновска-Ѓорѓиевска

политичарка

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска (родена на 30 април 1969 година во Крива Паланка) — македонски правник, адвокат и политичар.

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска
Министер за правда
На должноста
17 декември 2004 – 28 август 2006
Премиер Владо Бучковски
Претходник Иџет Мемети
Наследник Михајло Маневски
Лични податоци
Роден(а) 30 април 1969(1969-04-30)(55 г.)
Крива Паланка, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Партија СДСМ

Животопис

уреди

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска е родена на 30 април 1969 година во Крива Паланка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1992 година. Правосуден испит положила во 1994.

Од 1994 до 2002 година работела како адвокат. Младеновска била и член на Собранието на Адвокатската комора на Македонија. Од 1998 до 2002 година била дисциплински судија во Дисциплинскиот суд при Адвокатската комора, а од 2002 член на Управниот одбор на Комората.

Во периодот од 2000 до 2002 година била заменик член на Државната изборна комисија, а во периодот од 2002 до 2004 година била полноправен член.

Од 12 ноември 2002 до 3 јуни 2004 година ја извршувала функцијата заменик министер за правда, додека во периодот од 15 ноември 2004 до 27 август 2006 година ја извршувала функцијата Министер за правда. По завршувањето на мандатот била пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот од 2006 до 2008 година.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Иџет Мемети
Министер за правда
17 декември 200428 август 2006
Наследник
Михајло Маневски