Антонијо Милошоски

Политичар од Македонија
(Пренасочено од Антонио Милошоски)

Антонијо Милошоски (р. 29 јануари 1976) ― македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со англиски и германски јазик.

Антонијо Милошоски
Потпретседател на Собранието на Македонија
На должноста
Стапил
28 мај 2024
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
26 август 2006 – 28 јули 2011
Премиер Никола Груевски
Претходник Илинка Митрева
Наследник Никола Попоски
Лични податоци
Роден(а) 29 јануари 1976(1976-01-29)(48 г.)
Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија политиколог
Вероисповед православие

Животопис

уреди

Во 1994 година, Милошоски матурирал во гимназијата „Мирко Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година, тој ги завршил магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Фридрих Вилхелм”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година, тој бил докторант на политички науки на универзитетот „Герхард Меркатор” во Дисбург, Германија, каде работел како научен соработник до 2006 година, кога прво бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во периодот 1999–2000 година, тој бил шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 година, тој бил портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2004 до 2006 година, тој бил редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари - мај 2000 година, пишувал колумни во весникот „Дневник”.

Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 г. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на Друштвото на Југоисточна Европа (Sudosteuropa Geselshaft), германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Од 2006 г. е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година, Милошоски изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи.[1]

Наводи

уреди
  1. „Милошоски се повлекува од функцијата“. Посетено на 2011-06-30.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Илинка Митрева
Министер за надворешни работи на Македонија
2006-2011
Наследник
Никола Попоски